Целта на овој Меморандум е да се унапреди соработката меѓу Страните во области од заеднички интерес, во согласност со целите и принципите на Страните. Овој Меморандум за разбирање ја потврдува посветеноста на страните за зајакнување на нивното партнерство и унапредување развојот на одржлива и ефикасна инфраструктура за природен гас.
Овој Моеморандум ги опфаќа областите од развој на инфраструктурата со интеграција на нови технологии, споделување на знаења во однос на регулаторски прашања, споделување на знаење во однос на техничко-технолошки новитети, споделување на практики во оперативните фази, како и соработка при оптимизација на финансиските стратегии.
Меморандумот беше потпишан во Атина, во рамки на 9тиот Балкански енергетски самит, од страна на извршниот директор на НОМАГАС, Мухамет Елмази, и генералната директорка на ДЕСФА, Марија Рита Гали, во присуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини на Северна Македонија, Сања Божиновска, и заменик министерот за енергетика во Министерството за животна средина и енергетика на Република Грција, Никос Цафос.
„Овој Меморандум ја истакнува улогата на НОМАГАС во обезбедувањето на сигурно и разновидно снабдување со енергија за нашата земја, како и поддршката во енергетската транзиција. Истовремено, НОМАГАС се позиционира како клучна врска за пренос на природен гас и водород кон Западен Балкан и Европа, зајакнувајќи ги и нивните енергетски системи. Сето ова ќе се реализира преку стратешки важното партнерство со ДЕСФА, која, како енергетскa поврзувачка точка ја користи својата флексибилност и капацитет,“ изјави Мухамет Елмази, извршниот директор на НОМАГАС
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини на Северна Македонија, Сања Божиновска, истакна: „Денешното потпишување е јасна потврда на нашата стратешка визија: да ги поврземе, да ги диверзифицираме и да ги подготвиме нашите енергетски системи за иднината. Зајакнувањето на партнерството помеѓу НОМАГАС и ДЕСФА значи отворање на Северна Македонија кон нови енергетски пазари и поголема сигурност во снабдувањето, а воедно и директно ја поддржува нашата транзиција кон одржливи извори на енергија. Интерконекторот е дизајниран не само за денешните потреби, туку и за енергетската иднина — иднина во која одржливите технологии ќе играат клучна улога. Со овој чекор, не само што обезбедуваме поголема отпорност за нашата земја, туку и придонесуваме за посилен и поинтегриран енергетски регион во Југоисточна Европа.“
Заменик министерот за енергија, Никос Цафос, изјави: „Потпишувањето на Меморандумот за разбрање помеѓу ДЕСФА и НОМАГАС претставува важен чекор за енергетската соработка во нашиот регион. Ова партнерство не само што ја зајакнува врската помеѓу Грција и Северна Македонија, туку и го потврдува нашето заедничка посветеност за енергетска сигурност и диверзификација. Гасоводот Грција – Северна Македонија е стратешки проект кој ја зајакнува отпорноста и поврзаноста на нашиот регион, ги проширува економските и инвестициски можности, и ја потврдува Грција како клучна поврзувачка точка за Југоисточна Европа. Со заедничка работа и искористување на нашата експертиза, ги градиме темелите за побезбедна и одржлива енергетска иднина.“ Со заедничка работа и користење на нашата експертиза, ги градиме темелите за побезбедна и одржлива енергетска иднина.“
Во врска со потпишувањето на Меморандумот, извршната директорка на ДЕСФА, Мариа Рита Гали, изјави: „Овој Меморандум за соработка претставува уште еден важен чекор во посветеноста на ДЕСФА за регионална соработка во енергетскиот сектор. Преку ова партнерство со НОМАГАС, ќе можеме да ги искористиме нашите заеднички екпертизи и ресурси за да го забрзаме развојот на нашите национални гасни системи, како и да придонесеме за диверзификација и обезбедување на снабдувањето со енергија во Југоисточна Европа, усогласувајќи се со нашата цел, да изградиме отпорна инфраструктура и да промовираме одржлива енергетска иднина за регионот.“


