Известувања – НОМАГАС АД СКОПЈЕ https://nomagas.com.mk Официјална веб страна на НОМАГАС АД СКОПЈЕ Fri, 02 Jan 2026 07:35:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1 https://nomagas.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/favicon-noma.png Известувања – НОМАГАС АД СКОПЈЕ https://nomagas.com.mk 32 32 Проектот за гасниот интерконектор влегува во нова фаза на реализација https://nomagas.com.mk/2025/12/26/%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b5%d0%ba%d1%82%d0%be%d1%82-%d0%b7%d0%b0-%d0%b3%d0%b0%d1%81%d0%bd%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%b8%d0%bd%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%b5%d0%ba%d1%82%d0%be%d1%80-%d0%b2%d0%bb/ Fri, 26 Dec 2025 14:17:02 +0000 https://nomagas.com.mk/?p=4587 Со пристигнувањето на првите цевки од реномираниот европски производител CORINTH PIPEWORKS, проектот за изградба на гасниот интерконектор влегува во нова, значајна фаза на реализација.

Реализацијата на ваков капитален инфраструктурен проект подразбира сложени и повеќеслојни процеси, кои вклучуваат координација со повеќе институции, усогласување со законските процедури, како и почитување на сите пропишани стандарди поврзани со безбедноста, заштитата на животната средина и културното наследство.

„Номагас“ останува целосно посветена на транспарентна соработка со сите надлежни институции и на навремена реализација на проектот, кој има стратешко значење за енергетската стабилност на државата и регионот.

 

]]>
Соопштение во врска актуелната ситуација со прекин на испорака на природен гас https://nomagas.com.mk/2025/10/16/%d1%81%d0%be%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%b5-%d0%be%d0%b4-%d0%bd%d0%be%d0%bc%d0%b0%d0%b3%d0%b0%d1%81-%d0%b0%d0%b4-%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d1%98%d0%b5-%d0%b2%d0%be-%d0%b2%d1%80%d1%81/ Thu, 16 Oct 2025 15:14:51 +0000 https://nomagas.com.mk/?p=4277 Поради планирани ремонтни работи на регионалните гасоводни системи во соседството, се соочуваме привремено да има прекин на испораката на природен гас кон Македонија, а ваквите ремонтни активности не се во ингеренции на НОМАГАС АД Скопје од причини што не се вршат на сопствениот гасовод.

Имајќи го во предвид наведеното, активно и ажурно се следи состојбата 24 часа на ден и во рамките на расположливите можности се превземаат сите неопходни мерки за соодветно да се постапи и да се избегнат негативните страни на прекинот колку што е можно повеќе.

Согласно досегашните информации кои ги имаме, ремонтните работи треба да завршат на време и веќе утре на 17 октомври треба да се стабилизира испораката на природен гас. Доколку добиеме известување за евентуални пролонгирања, јавноста ќе биде дополнително известена.

Што се однесува до известувањето од ЈСП Скопје за можни отстапувања и евентуални промени во возниот ред на 17.10.2025 година, истите треба да се земат со резерва. Едната причина за тоа е фактот што ремонтните работи и прекинот се од 13.10.2025 година и претходниве три денови, односно вкупно четири со денешниот, ЈСП Скопје немале проблем во функционирањето, а се проблематизира само 17.10.2025 година, ден кога треба да се стабилизира испораката на природен гас.

Исто така информираме дека ЈСП Скопје веќе скоро една година од 01.12.2024 година не се наши директни корисници преку станицата од НОМАГАС АД Скопје која се наоѓа на нивната територија.

Со оглед на наведеното, доколку постои друга причина за можни отстапувања и евентуални промени во возниот ред од ЈСП Скопје не е коректно да се посочува на НОМАГАС АД Скопје за сензитивна тема како што е градскиот превоз во Градот Скопје.

]]>
Известување за прекин на испорака на природен гас https://nomagas.com.mk/2025/10/10/%d0%b8%d0%b7%d0%b2%d0%b5%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5/ Fri, 10 Oct 2025 10:57:08 +0000 https://nomagas.com.mk/?p=4233 Поради планирани ремонтни работи на регионалните гасоводни системи во соседството, во периодот од 13.10.2025 година до 17.10.2025 година ќе има прекин на испораката на природен гас кон  Македонија. За ваквиот прекин НОМАГАС АД Скопје навремено ги достави потребните известувањa до сите засегнати страни.

НОМАГАС АД Скопје во рамките на расположливите можности ќе ги преземе сите неопходни мерки за соодветно да се постапи согласно соопштението од Регулаторната комисија за енергетика од 30.09.2025 година.

Доколку бидеме информирани за евентуални промени околу времетраењето на прекинот, јавноста ќе биде навремено известена преку ново известување.

Напоменуваме да се има во предвид дека за ваквата состојба придонесува тоа што нашата држава има само еден влез за природен гас преку единствениот интерконектор кај Деве Баир.

Во насока на надминување на ваквото ограничување, НОМАГАС АД Скопје интензивно работи на реализација на уште едно интерконективно поврзување, односно интерконекторот со Грција, чија изградба веќе е започната во јуни. Овој интерконектор е значаен од повеќе аспекти, а посебно значаен од аспект на конкретната состојба е тоа што со неговата изградба ќе има втор влез за природен гас и ќе се овоможи да има резервна достапност на природен гас во случај на прекини поради вакви ремонтни работи.

 

]]>