Новости – НОМАГАС АД СКОПЈЕ https://nomagas.com.mk Официјална веб страна на НОМАГАС АД СКОПЈЕ Tue, 07 Jul 2026 13:45:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1 https://nomagas.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/favicon-noma.png Новости – НОМАГАС АД СКОПЈЕ https://nomagas.com.mk 32 32 Нацрт мрежни правила за пренос на гас https://nomagas.com.mk/2026/07/07/%d0%bd%d0%b0%d1%86%d1%80%d1%82-%d0%bc%d1%80%d0%b5%d0%b6%d0%bd%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%b8%d0%bb%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%be%d1%81-%d0%bd%d0%b0-%d0%b3%d0%b0%d1%81/ Tue, 07 Jul 2026 13:45:16 +0000 https://nomagas.com.mk/?p=6183 Нацрт мрежни правила за пренос на гас

]]>
Директорот на АД НОМАГАС дел од владината делегација во Вашингтон на Стратешкиот дијалог со САД https://nomagas.com.mk/2026/04/08/%d0%b4%d0%b8%d1%80%d0%b5%d0%ba%d1%82%d0%be%d1%80%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%b0%d0%b4-%d0%bd%d0%be%d0%bc%d0%b0%d0%b3%d0%b0%d1%81-%d0%b4%d0%b5%d0%bb-%d0%be%d0%b4-%d0%b2%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%b8%d0%bd/ Wed, 08 Apr 2026 10:04:57 +0000 https://nomagas.com.mk/?p=6061 Директорот на АД НОМАГАС Скопје, Недим Рама е во посета на Вашингтон каде се одржува втората сесија на Стратешкиот дијалог меѓу Република Северна Македонија и Соединетите
Американски Држави, со учество на висока владина делегација.

Во состав на делегацијата се министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, министерот за одбрана, Владо Мисајловски, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, како и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Во рамки на дијалогот се реализираат повеќе тематски состаноци во Стејт департментот, како и билатерални средби со високи претставници на САД, меѓу кои и заменик-државниот секретар Кристофер Ландау и Брендан Ханрахан од Бирото за европски и евроазиски прашања.

Стратешкиот дијалог претставува значаен механизам за продлабочување на билатералната соработка и потврда на стратешкото партнерство меѓу двете држави.
Посебен акцент во разговорите е ставен на енергетиката како клучен сегмент за стабилен економски развој и регионална поврзаност.

Преку овој процес се отвораат можности за реализација на конкретни проекти и иницијативи што ќе придонесат за долгорочна енергетска стабилност и сигурност, како и за унапредување на регионалната соработка.

Стратешкиот дијалог ја зацврстува позицијата на државата како кредибилен партнер, со јасна ориентација кон заедничките вредности и евроатлантските приоритети.

]]>
Проектот за гасниот интерконектор влегува во нова фаза на реализација https://nomagas.com.mk/2025/12/26/%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b5%d0%ba%d1%82%d0%be%d1%82-%d0%b7%d0%b0-%d0%b3%d0%b0%d1%81%d0%bd%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%b8%d0%bd%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%b5%d0%ba%d1%82%d0%be%d1%80-%d0%b2%d0%bb/ Fri, 26 Dec 2025 14:17:02 +0000 https://nomagas.com.mk/?p=4587 Со пристигнувањето на првите цевки од реномираниот европски производител CORINTH PIPEWORKS, проектот за изградба на гасниот интерконектор влегува во нова, значајна фаза на реализација.

Реализацијата на ваков капитален инфраструктурен проект подразбира сложени и повеќеслојни процеси, кои вклучуваат координација со повеќе институции, усогласување со законските процедури, како и почитување на сите пропишани стандарди поврзани со безбедноста, заштитата на животната средина и културното наследство.

„Номагас“ останува целосно посветена на транспарентна соработка со сите надлежни институции и на навремена реализација на проектот, кој има стратешко значење за енергетската стабилност на државата и регионот.

 

]]>
Соопштение во врска актуелната ситуација со прекин на испорака на природен гас https://nomagas.com.mk/2025/10/16/%d1%81%d0%be%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%b5-%d0%be%d0%b4-%d0%bd%d0%be%d0%bc%d0%b0%d0%b3%d0%b0%d1%81-%d0%b0%d0%b4-%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d1%98%d0%b5-%d0%b2%d0%be-%d0%b2%d1%80%d1%81/ Thu, 16 Oct 2025 15:14:51 +0000 https://nomagas.com.mk/?p=4277 Поради планирани ремонтни работи на регионалните гасоводни системи во соседството, се соочуваме привремено да има прекин на испораката на природен гас кон Македонија, а ваквите ремонтни активности не се во ингеренции на НОМАГАС АД Скопје од причини што не се вршат на сопствениот гасовод.

Имајќи го во предвид наведеното, активно и ажурно се следи состојбата 24 часа на ден и во рамките на расположливите можности се превземаат сите неопходни мерки за соодветно да се постапи и да се избегнат негативните страни на прекинот колку што е можно повеќе.

Согласно досегашните информации кои ги имаме, ремонтните работи треба да завршат на време и веќе утре на 17 октомври треба да се стабилизира испораката на природен гас. Доколку добиеме известување за евентуални пролонгирања, јавноста ќе биде дополнително известена.

Што се однесува до известувањето од ЈСП Скопје за можни отстапувања и евентуални промени во возниот ред на 17.10.2025 година, истите треба да се земат со резерва. Едната причина за тоа е фактот што ремонтните работи и прекинот се од 13.10.2025 година и претходниве три денови, односно вкупно четири со денешниот, ЈСП Скопје немале проблем во функционирањето, а се проблематизира само 17.10.2025 година, ден кога треба да се стабилизира испораката на природен гас.

Исто така информираме дека ЈСП Скопје веќе скоро една година од 01.12.2024 година не се наши директни корисници преку станицата од НОМАГАС АД Скопје која се наоѓа на нивната територија.

Со оглед на наведеното, доколку постои друга причина за можни отстапувања и евентуални промени во возниот ред од ЈСП Скопје не е коректно да се посочува на НОМАГАС АД Скопје за сензитивна тема како што е градскиот превоз во Градот Скопје.

]]>
Известување за прекин на испорака на природен гас https://nomagas.com.mk/2025/10/10/%d0%b8%d0%b7%d0%b2%d0%b5%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5/ Fri, 10 Oct 2025 10:57:08 +0000 https://nomagas.com.mk/?p=4233 Поради планирани ремонтни работи на регионалните гасоводни системи во соседството, во периодот од 13.10.2025 година до 17.10.2025 година ќе има прекин на испораката на природен гас кон  Македонија. За ваквиот прекин НОМАГАС АД Скопје навремено ги достави потребните известувањa до сите засегнати страни.

НОМАГАС АД Скопје во рамките на расположливите можности ќе ги преземе сите неопходни мерки за соодветно да се постапи согласно соопштението од Регулаторната комисија за енергетика од 30.09.2025 година.

Доколку бидеме информирани за евентуални промени околу времетраењето на прекинот, јавноста ќе биде навремено известена преку ново известување.

Напоменуваме да се има во предвид дека за ваквата состојба придонесува тоа што нашата држава има само еден влез за природен гас преку единствениот интерконектор кај Деве Баир.

Во насока на надминување на ваквото ограничување, НОМАГАС АД Скопје интензивно работи на реализација на уште едно интерконективно поврзување, односно интерконекторот со Грција, чија изградба веќе е започната во јуни. Овој интерконектор е значаен од повеќе аспекти, а посебно значаен од аспект на конкретната состојба е тоа што со неговата изградба ќе има втор влез за природен гас и ќе се овоможи да има резервна достапност на природен гас во случај на прекини поради вакви ремонтни работи.

 

]]>
Од визија до реализација: Проектот за интерконекторот со Грција, започнат во 2016 година, влегува во фаза на изградба https://nomagas.com.mk/2025/07/09/%d0%be%d0%b4-%d0%b2%d0%b8%d0%b7%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b4%d0%be-%d1%80%d0%b5%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d0%b7%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b5%d0%ba%d1%82%d0%be%d1%82-%d0%b7%d0%b0-%d0%b8/ Wed, 09 Jul 2025 21:18:50 +0000 https://nomagas.com.mk/?p=3977 НОМАГАС со гордост го означува овој историски момент – започна изградбата на гасниот интерконектор што ќе ја поврзе Северна Македонија со регионалната и европската мрежа за природен гас.

Овој стратешки проект, чии подготовки започнаа уште во 2016 година, денес прераснува во реалност.

Под водство на директорот Мухамет Елмази, НОМАГАС ја предводи оваа клучна национална мисија со јасна визија: зајакнување на енергетската безбедност, стабилност и конкурентност на земјата.

Гасниот интерконектор, со вкупна должина од 66,7 километри, кој се протега од Гевгелија до Неготино, ќе обезбеди почетен капацитет од 1,5 милијарди кубни метри природен гас годишно.

Оваа инфраструктура не само што ќе овозможи поевтин, сигурен и стабилен гас за индустријата и домаќинствата, туку ќе донесе и вистинска диверзификација на енергетските извори и трајна поврзаност со европската енергетска мрежа.

„Овој проект е капитален и стратешки за Северна Македонија. Тој носи сигурност, ефикасност и стабилност во снабдувањето, а истовремено нè позиционира како енергетски центар во регионот,“ изјави директорот Елмази.

Интерконекторот е технолошки подготвен да одговори не само на актуелните енергетски предизвици, туку и на идните барања за зелена, чиста и одржлива енергија, во согласност со највисоките европски стандарди.

Проектот се реализира со особено внимание на заштитата на животната средина и на долгорочната енергетска сигурност на државата.

Како национален лидер во гасната индустрија, НОМАГАС со стручност, одговорност и транспарентност го води процесот на изградба, уверена дека оваа инвестиција претставува клучен чекор кон енергетска сувереност и економски развој.

Секоја фаза се спроведува со максимална посветеност, со крајна цел: најголема корист за граѓаните, стопанството и идните генерации.

Со успешното финализирање на проектот, Северна Македонија се позиционира како полноправен и стабилен енергетски чинител во Европа – силна, поврзана и подготвена за иднината.

 

 

]]>
Потпишан Меморандум за соработка меѓу „Номагас“ АД Скопје и „Србијагас“ https://nomagas.com.mk/2025/06/27/%d0%bf%d0%be%d1%82%d0%bf%d0%b8%d1%88%d0%b0%d0%bd-%d0%bc%d0%b5%d0%bc%d0%be%d1%80%d0%b0%d0%bd%d0%b4%d1%83%d0%bc-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d0%be%d1%80%d0%b0%d0%b1%d0%be%d1%82%d0%ba%d0%b0-%d0%bc%d0%b5%d1%93/ Fri, 27 Jun 2025 11:48:39 +0000 https://nomagas.com.mk/?p=3883 Меморандум за разбирање помеѓу Јавното претпријатие „Србијагас“ Нови Сад и акционерското друштво „Номагас“ АД Скопје беше потпишан денеска во Белград. Документот за идната билатерална соработка меѓу националната гасна компанија на Србија и операторот на националниот систем за транспорт на природен гас на Северна Македонија го потпишаа генералните директори на „Србијагас“ и „Номагас“АД Скопје, Душан Бајатовиќ и Мухамет Елмази.

Со овој акт, двете страни ја потврдуваат политичката волја изразена во Меморандумот за разбирање и соработка во областа на гасот, потпишан во Скопје во октомври 2024 година од страна на ресорните министерства на Србија и Северна Македонија, со посебен акцент на значењето на меѓусебното поврзување на енергетските пазари, зајакнувањето на сигурноста на снабдувањето со гас и диверзификацијата на правците на снабдување со природен гас.

„Овој стратешки проект, од особено значење за двете држави, ќе придонесе за зајакнување на енергетската безбедност во регионот, унапредување на енергетската транзиција и диверзификација на правците на снабдување, поефикасно балансирање на понудата и побарувачката на природен гас, како и интеграција на регионалните гасни пазари“, вели директорот Елмази.

Со потпишувањето на овој документ, „Србијагас“ и „Номагас“ АД Скопје ја изразуваат својата намера во најскоро време да ја реализираат изградбата на гасниот интерконектор Северна Македонија – Србија на своите територии, потенцирајќи ја важноста на меѓусебната поддршка во развојот на овој стратешки проект, со цел зголемување на сигурноста на снабдувањето со гас, балансирање на понудата и побарувачката, како и олеснување на прекуграничните транспортни операции.

Директорот Елмази вели дека интерконекторот ќе ги поврзе системите за пренос на природен гас на двете земји преку гасовод со должина од околу 70 километри – 47 километри на територија на Србија и 23 километри на територија на Северна Македонија.

Поврзувањето ќе се реализира од градовите Клечовце и Врање, при што во рамки на проектот се предвидува изградба на главна мерна станица на македонска територија и контролна мерна станица на српска страна.

Интерконекторот меѓу двете држави, за кој наскоро ќе биде подготвена Студија за изводливост, ќе овозможи двонасочен проток на природен гас во количина од 1,5 милијарди кубни метри годишно.

Изработката на студијата ја поддржува Western Balkan Investment Fond (WBIF) – Инвестициска рамка за Западен Балкан.

Инаку пречникот на идниот интерконектор ќе биде 500 mm, со номинален притисок од 55 бари.

„Со потпишувањето на Меморандумот за разбирање, договорните страни ја изразуваат својата поддршка за зајакнување на соработката меѓу земјите од Југоисточна Европа и за воспоставување на регионален енергетски пазар како дел од внатрешниот енергетски пазар на Европската Унија“, заклучи директорот Елмази.

]]>
НОМАГАС ја зголеми својата капитална вредност – нов чекор кон стабилен развој на гасната инфраструктура https://nomagas.com.mk/2025/06/16/trp_language-languagemk_mk%d0%bd%d0%be%d0%bc%d0%b0%d0%b3%d0%b0%d1%81-%d1%98%d0%b0-%d0%b7%d0%b3%d0%be%d0%bb%d0%b5%d0%bc%d0%b8-%d1%81%d0%b2%d0%be%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%ba%d0%b0%d0%bf%d0%b8/ Mon, 16 Jun 2025 09:09:47 +0000 https://nomagas.com.mk/?p=3790 НОМАГАС ја зголеми својата капитална вредност – нов чекор кон стабилен развој на гасната инфраструктура

Скопје, 13.06.2025 Акционерското друштво за вршење енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС АД Скопје, во државна сопственост, успешно ја зголеми својата капитална вредност преку претворање на побарувањата на Република Северна Македонија по основ на платени побарувања кон странски кредитори во траен влог.
Овој важен чекор, реализиран по иницијатива на НОМАГАС и со поддршка и предлог од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, претставува силна основа за успешно работење и понатамошен развој на гасната инфраструктура на Република Северна Македонија, како и зацврстување на сопствената позиција како дел од европскиот енергетски коридор Север-Југ.

„Со заедничка и координирана работа, успехот е неизбежен. Со донесувањето на овој закон, државата покажа сериозност и придонес во развојот на гасификацијата во Северна Македонија”.

Одлуката се темели на две јасни начела – зголемување на ефикасноста на работењето на НОМАГАС и обезбедување на финансиска стабилност и солвентност на друштвото.
Оваа мерка доаѓа во клучен момент – непосредно по успешното отпочнување на работите на Интерконективниот гасовод со Република Грција, проект од стратешко значење за регионалната енергетска поврзаност. За НОМАГАС, ова претставува уште една потврда за посветеноста кон исполнување на европските стандарди за оператори на преносни системи за природен гас.

“Со усвојувањето на овој закон се зголеми солвентноста на НОМАГАС АД Скопје, а со тоа и непреченост на операторот на системот за пренос на природен гас да продолжи да го развива национален гасоводен систем во Република Северна Македонија, со цел снабдување на стопанството, јавниот сектор и домаќинствата со евтина и еколошка енергија, а истовремено и намалување на емисијата на штетни гасови во атмосферата ”

Со ваквите активности, НОМАГАС ја потврдува својата улога како двигател на енергетската транзиција и интеграцијата на Северна Македонија во регионалниот и европскиот енергетски пазар.

]]>
НОМАГАС“ го потпиша договорот за изградба на интерконекторот со Грција – клучен чекор кон енергетска безбедност и регионално поврзување https://nomagas.com.mk/2025/05/07/%d0%bd%d0%be%d0%bc%d0%b0%d0%b3%d0%b0%d1%81-%d0%b3%d0%be-%d0%bf%d0%be%d1%82%d0%bf%d0%b8%d1%88%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%b3%d0%be%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%be%d1%82-%d0%b7%d0%b0-%d0%b8%d0%b7/ Wed, 07 May 2025 15:14:57 +0000 https://nomagas.com.mk/?p=3768 Скопје, 7 мај 2025 година – Националниот оператор на системот за пренос на природен гас, „НОМАГАС“ и компанијта „Рапид Билд“ од Куманово денеска го потпишаa договорот за изградба на гасоводниот интерконектор со Грција во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Северна Македонија. Со ова официјално започнува реализацијата на еден од најзначајните енергетски проекти во поновата историја на земјата.

Со овој договор се обезбедува диверзификација и достапност до повеќе извори на природен гас, се обезбедува економскиот развој, унапредување и заштита на животната средина, се придонесува кон безбедноста на снабдувањето со енергија, како и транзит на еден од најважните енергетски ресурси и капитал за иднината – енергијата.

„Овој ден е посебно значаен за нас, бидејќи како нов менаџмент успеавме за неполни 9 месеци да ги комплетираме сите процедури. Воедно, сум многу горд што сум дел од тековното раководство на македонскиот оператор на системот за пренос на природен гас, кој ja започнува реализацијата на токму овој важен проект,“ изјави директорот на „НОМАГАС“, г. Мухамет Елмази.

„Имено, потпишувањето на договорот со домашна компанија претставува и потврда за капацитетот и понудата на домашниот пазар, преку одредбите за квалитет, компетентност и особено значајно во контекст на современите економски услови – финансиска исплатливост,“ додаде тој.

„Овој Договор за изградба денес го потпишавме и во присуство на нашиот партнер од другата страна на границата – грчкиот оператор на системот за пренос на природен гас „ДЕСФА“, со кој заедно ќе го изградиме овој стратешки енергетски капацитет. Со „ДЕСФА“ заедно ги развиваме можностите за долгорочна соработка пред се меѓу двете друштва, но и меѓу двете држави, во чии рамки Р. С. Македонија ќе ја зацврсти својата енергетска иднина, ќе го поддржи развојот на целиот регион, а со реализацијата на планираниот енергетски коридор ќе даде значаен придонес за енергетската стабилност на Европа,“ посочи Елмази.

Речиси три денцении по воведувањето на природниот гас во Р. С. Македонија, со овој договор, „НОМАГАС“ се позиционира како еден од најголемите системски енергетски оператори во земјава – клучен фактор за нејзиниот енергетски развој и сигурност.

 

]]>
НОМАГАС потпиша Меморандум за разбирање со ДЕСФА за унапредување на регионалната енергетска соработка https://nomagas.com.mk/2025/04/29/%d0%bd%d0%be%d0%bc%d0%b0%d0%b3%d0%b0%d1%81-%d0%bf%d0%be%d1%82%d0%bf%d0%b8%d1%88%d0%b0-%d0%bc%d0%b5%d0%bc%d0%be%d1%80%d0%b0%d0%bd%d0%b4%d1%83%d0%bc-%d0%b7%d0%b0-%d1%80%d0%b0%d0%b7%d0%b1%d0%b8%d1%80/ Tue, 29 Apr 2025 12:42:11 +0000 https://nomagas.com.mk/?p=3742 Атина, 29 април 2025 – НОМАГАС АД Скопје и грчкиот оператор за пренос на природен гас, ДЕСФА, потпишаа Меморандум за разбирање со кој ја продлабочуваат соработката насочена кон зајакнување на регионалната енергетска поврзаност и сигурноста на снабдување со енергија.

Целта на овој Меморандум е да се унапреди соработката меѓу Страните во области од заеднички интерес, во согласност со целите и принципите на Страните. Овој Меморандум за разбирање ја потврдува посветеноста на страните за зајакнување на нивното партнерство и унапредување развојот на одржлива и ефикасна инфраструктура за природен гас.

Овој Моеморандум ги опфаќа областите од развој на инфраструктурата со интеграција на нови технологии,  споделување на знаења во однос на регулаторски прашања, споделување на знаење во однос на техничко-технолошки новитети, споделување на практики во оперативните фази, како и соработка при оптимизација на финансиските стратегии.

Меморандумот беше потпишан во Атина, во рамки на 9тиот Балкански енергетски самит, од страна на извршниот директор на НОМАГАС, Мухамет Елмази, и генералната директорка на ДЕСФА, Марија Рита Гали, во присуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини на Северна Македонија, Сања Божиновска, и заменик министерот за енергетика во Министерството за животна средина и енергетика на Република Грција, Никос Цафос.

„Овој Меморандум ја истакнува улогата на НОМАГАС во обезбедувањето на сигурно и разновидно снабдување со енергија за нашата земја, како и поддршката во енергетската транзиција. Истовремено, НОМАГАС се позиционира како клучна врска за пренос на природен гас и водород кон Западен Балкан и Европа, зајакнувајќи ги и нивните енергетски системи. Сето ова ќе се реализира преку стратешки важното партнерство со ДЕСФА, која, како енергетскa поврзувачка точка ја користи својата флексибилност и капацитет,“ изјави Мухамет Елмази, извршниот директор на НОМАГАС

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини на Северна Македонија, Сања Божиновска, истакна: „Денешното потпишување е јасна потврда на нашата стратешка визија: да ги поврземе, да ги диверзифицираме и да ги подготвиме нашите енергетски системи за иднината. Зајакнувањето на партнерството помеѓу НОМАГАС и ДЕСФА значи отворање на Северна Македонија кон нови енергетски пазари и поголема сигурност во снабдувањето, а воедно и директно ја поддржува нашата транзиција кон одржливи извори на енергија. Интерконекторот е дизајниран не само за денешните потреби, туку и за енергетската иднина — иднина во која одржливите технологии ќе играат клучна улога. Со овој чекор, не само што обезбедуваме поголема отпорност за нашата земја, туку и придонесуваме за посилен и поинтегриран енергетски регион во Југоисточна Европа.“

Заменик министерот за енергија, Никос Цафос, изјави: „Потпишувањето на Меморандумот за разбрање помеѓу ДЕСФА и НОМАГАС претставува важен чекор за енергетската соработка во нашиот регион. Ова партнерство не само што ја зајакнува врската помеѓу Грција и Северна Македонија, туку и го потврдува нашето заедничка посветеност за енергетска сигурност и диверзификација. Гасоводот Грција – Северна Македонија е стратешки проект кој ја зајакнува отпорноста и поврзаноста на нашиот регион, ги проширува економските и инвестициски можности, и ја потврдува Грција како клучна поврзувачка точка за Југоисточна Европа. Со заедничка работа и искористување на нашата експертиза, ги градиме темелите за побезбедна и одржлива енергетска иднина.“ Со заедничка работа и користење на нашата експертиза, ги градиме темелите за побезбедна и одржлива енергетска иднина.“

Во врска со потпишувањето на Меморандумот, извршната директорка на ДЕСФА, Мариа Рита Гали, изјави: „Овој Меморандум за соработка претставува уште еден важен чекор во посветеноста на ДЕСФА за регионална соработка во енергетскиот сектор. Преку ова партнерство со НОМАГАС, ќе можеме да ги искористиме нашите заеднички екпертизи и ресурси за да го забрзаме развојот на нашите национални гасни системи, како и да придонесеме за диверзификација и обезбедување на снабдувањето со енергија во Југоисточна Европа, усогласувајќи се со нашата цел, да изградиме отпорна инфраструктура и да промовираме одржлива енергетска иднина за регионот.“

]]>