Тековни Проекти – НОМАГАС АД СКОПЈЕ https://nomagas.com.mk Официјална веб страна на НОМАГАС АД СКОПЈЕ Thu, 01 Jan 2026 23:42:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1 https://nomagas.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/favicon-noma.png Тековни Проекти – НОМАГАС АД СКОПЈЕ https://nomagas.com.mk 32 32 Интерконективен вод за пренос на природен гас меѓу Република Северна Македонија и Република Грција https://nomagas.com.mk/2025/10/27/%d0%b8%d0%bd%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%b5%d0%ba%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%b2%d0%be%d0%b4-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%be%d1%81-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%80/ Mon, 27 Oct 2025 09:22:01 +0000 https://nomagas.com.mk/?p=4400 Во тек е изградбата на интерконективниот вод за природен гас со Република Грција, во должина од 67 km, од Неготино до границата со Република Грција. Проектот се финансира од Европската инвестициска банка (ЕИБ) преку инвестициски грант од програмата WBIF и од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Интерконекторот за природен гас меѓу Македонија и Грција ќе биде со вкупна должина од 123 километри (вклучувајќи ја македонската и грчката страна) и ќе се протега од Неа Месимвриа до Неготино преку Гевгелија, поврзувајќи ги двата национални системи за пренос на природен гас. Почетниот капацитет на интерконекторот ќе изнесува 1,5 милијарди кубни метри годишно, со можност за проширување до 3 милијарди кубни метри годишно. Спроведени се и студии со цел гасоводот да има соодветни технички спецификации за транспорт на водород.

ЕБОР – ПРОЕКТ ЗА РЕГИОНАЛНА ГАСИФИКАЦИЈА – ОБЈАВУВАЊЕ ОВЖССА (zip документи)

]]>
Делница „Скопје – Тетово – Гостивар“ https://nomagas.com.mk/2023/03/30/%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d1%98%d0%b5-%d1%82%d0%b5%d1%82%d0%be%d0%b2%d0%be-%d0%b3%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%b0%d1%80/ Thu, 30 Mar 2023 12:16:44 +0000 https://nomagas.com.mk/?p=1199 Согласно Законот за задолжување на Република Северна Македонија кај Дојче банка и Ерсте банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот „Гасификација на Република Северна Македонија – фаза 1 – Делница Штип – Неготино – Битола и Делница Скопје – Тетово – Гостивар“ се обезбедени финансиски средства за изградба на Делница „Скопје-Тетово-Гостивар“.

Изградбата е започната во декември 2016 година и треба да заврши во 2023 година.

Статус на реализација:

Реализација по должина (главна линија) – 75,5 км = 91%

Реализација по должина (крак кон Тетово) – 10км од договорени 10км = 100% (заклучно со март 2021 година).

Технички параметри:

· Линиски дел во должина од 77 km со дијаметар на цевка DN 500 (20”) и крак за Тетово во должина од 10 km со дијаметар на цевка DN 150 (6”);

· Блок станици: БС (DN500) ком 4, БС (DN200) и БС (DN150);

· Приемна чистачка станица DN 500;

· ГМРС „Тетово”, со капацитет Q=22 000 m3/h;

· ГМРС „Гостивар”, со капацитет Q=16 000 m3/h.

Опис на трасата:

Трасата на Делница „Скопје-Тетово-Гостивар“ започнува од постојниот магистрален гасовод Деве Баир – Скопје, од локацијата на која што е извршено издвојување на гасоводниот крак за снабдување на индустријата на гасоводниот крак Скопје – Југ. По поврзувањето на постојниот магистрален гасовод трасата почнува да го заобиколува Скопје од неговата јужна страна поминувајќи низ Кисела Вода – Сопиште со што од низинскиот терен постепено преминува кон планински терен западно од врвот на Водно. Потоа трасата почнува да се спушта кон реката Треска, поминуваќи низ Глумово, под селото Семениште, село Чајлане, пред село Буковиќ, преку реките Река и Паничарска река продолжувајќи југозападно кон селото Мерово, низ месноста Балван и западно под селото Горна Лешница до месноста Добрев Јаз и на овој потег е приклучокот кон Тетово. Од Тетово трасата се спушта кон Милетино пресекувајќи ја Света Река продолжувајќи западно помеѓу Милетино и Блаце, источно од селото Треново каде е поставена Блок Станица 18, потоа трасата ја поминува Реката Вардар и Полошката котлина. Во продолжение трасата прави полукруг кон исток заобиколувајќи ги селата Балин Дол и Мало Турчане завршувајќи кај Колчак.

Трасата на делницата Скопје-Тетово-Гостивар го опфаќа скопскиот, полошкиот и гостиварскиот регион.

]]>
Делница „Неготино (Кавадарци) – Битола“ https://nomagas.com.mk/2023/03/30/%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%bd%d0%b5%d0%b3%d0%be%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%be-%d0%ba%d0%b0%d0%b2%d0%b0%d0%b4%d0%b0%d1%80%d1%86%d0%b8-%d0%b1%d0%b8%d1%82%d0%be%d0%bb/ Thu, 30 Mar 2023 12:14:27 +0000 https://nomagas.com.mk/?p=1193 Согласно Законот за задолжување на Република Македонија кај Дојче банка и Ерсте банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот „Гасификација на Република Македонија – фаза 1 – Делница Штип – Неготино – Битола и Делница Скопје – Тетово – Гостивар“ се обезбедени финансиски средства за изградба на Делница „Неготино (Кавадарци) – Битола“.

Изградбата е започната во февруари 2017 година и треба да заврши во 2023 година.

 

Технички параметри:

  • Линиски дел во должина од 92 km со дијаметар на цевка DN 500 (20”);
  • Блок станици: БС (DN500) ком 5, БС (DN200) ком 2, БС (DN150) и БС (DN80);
  • Приемна чистачка станица DN 500;
  • ГМРС „Фени индустри”, со капацитет Q=15 000 m3/h;
  • ГМРС „Прилеп”, со капацитет Q=24 000 m3/h;
  • ГМРС „Битола”, со капацитет Q=28 000 m3/h.

 

Опис на трасата:

Трасата на Делница „Неготино (Кавадарци) – Битола“ започнува од Кавадарци – Сопот ја пресекува реката Црна продолжувајќи низ место Дреново, потоа трасата ја сече реката Церечевица движејќи се по падините на планинскиот венец и долината на реката Свињарница. Линијата на гасоводот го пресекува коритото на реките Бела и Дујрас, поминува низ стариот пат за Прилеп и влегува во долината на реката Каратманица, продолжувајќи ја пресекува реката Заполска по која трасата се подига во висина низ пошумени делници. Појужно од градот Прилеп трасата врти на југ и минува низ селско стопански имоти, ги сече реките Волковска и Ставичка, а понатаму се движи по непошумените делници. Во јужен правец гасоводот го пресекува системот со канали, ги пресекува реките Подмолска и Лопатичка и натаму низ рамнина пресечена наместа со долови, пресекувајќи ги реките Мојанска и Бења. Понатаму тарасата го сече 400kV далновод, автопат со асфалтирана покривка и коритата на реките Црна и Драгор. Движејќи се паралелно по должината на реката натаму трасата се движи по рамнинска делница, пресекувајќи мали канали  и завршува кај северно од градот Битола.

]]>
Делница „Блок станица 5 (Штип) – Неготино“ https://nomagas.com.mk/2023/03/29/%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%b1%d0%bb%d0%be%d0%ba-%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0-5-%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bf-%d0%bd%d0%b5%d0%b3%d0%be%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%be/ Wed, 29 Mar 2023 10:41:33 +0000 https://nomagas.com.mk/?p=919 Согласно Законот за задолжување на Република Македонија кај Дојче банка и Ерсте банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот „Гасификација на Република Македонија – фаза 1 – Делница Штип – Неготино – Битола и Делница Скопје – Тетово – Гостивар“ се обезбедени финансиски средства за изградба на Делница „Блок станица 5 (Штип) – Неготино“.

Изградбата е започната во јуни 2016 година и е завршена во 2019 година.

 

Технички параметри:

  • Линиски дел во должина од 36 km со дијаметар на цевка DN 500 (20”);
  • Блок станици: БС 7(DN500); БС Неготино (DN80); БС 8 (DN400) и БС Кавадарци 1 (DN150);
  • ГМРС „Штип”, со капацитет Q=19 000 m3/h;
  • ГМРС „Неготино”, со капацитет Q=7 000 m3/h.

 

Опис на трасата:

Трасата на Делница Блок станица 5 (Штип) – Неготино започнува од Блок станица 5 во близина на градот Штип (каде што завршува Делницата Клечовце-Блок станица 5), ја поминува планината Серта, минува низ крајниот источен дел од опфатот на војниот полигон Криволак и се упатува кон река Вардар. По преминот на река Вардар гасоводната магистрална делница се до својот завршеток кај приклучокот за Кавадарци е со западен правец на напредување. Во овој дел трасата минува јужно од Неготино, северно од ТЕЦ Неготино и северно од градот Кавадарци.

]]>