Службеникот го именуваат неизвршните членови на одборот на директори на НОМАГАС АД Скопје, по претходно
одобрување од страна на Регулаторната комисија за енергетика.
Одобрение од РКЕ за службеник за усогласување
Службеникот континуирано ја следи усогласеноста на работењето на НОМАГАС АД Скопје со Законот за енергетика и Програма за усогласеност на НОМАГАС АД Скопје во однос на обврските кои произлегуваат од сопственичкото раздвојување, Статутот на НОМАГАС АД Скопје и Правилник за условите и начинот на работење на службеникот за усогласеност, важечките законски и/или подзаконски прописи кои го опфаќаат делокругот на неговото работење, како и останатите акти на друштвото..
Службеникот за усогласеност, ја следи реализацијата на Програмата, од аспект на:
– независност, транспарентност, објективност и непристрасност во работењето на НОМАГАС АД Скопје,
– ја известува Регулаторната комисија за енергетика за значителни прекршувања во спроведувањето на програмата за усогласеност.
– оневозможување на дискриминација на корисниците на системот за пренос на природен гас по било кој основ,
– доверливост на деловните податоци на корисниците на системот за пренос на природен гас,
– координација и соработка на НОМАГАС АД Скопје со други оператори на системи за пренос на природен гас,
– размена на податоци со операторите на други системи за пренос на природен гас и учество во работата на регионални и меѓународни организации,
– едукација и информирање на членовите на одборот на директори на НОМАГАС АД Скопје и вработените на НОМАГАС АД Скопје во врска со постапување во согласност со начелата за независност, танспарентност и непристраност.
Делокруг на работа на службеникот за усогласеност се наведени во:
Правилник за условите и начинот на работење на службеникот за усогласеност
Службеникот е должен до неизвршните членови на одборот на директори на НОМАГАС АД Скопје и Регулаторната комисија за енергетика да доставува годишни извештаи, за спроведувањето на Програмата за усогласеност и за преземените мерки за нејзиното спроведување, како и за значителни прекршувања во спроведувањето.