Search
Close this search box.

За НОМАГАС АД СКОПЈЕ

Акционерско друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост (скратен назив НОМАГАС АД Скопје).

Статусната промена на компанијата започна во текот на 2022 година и заврши на крајот на годината, со спојување на Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности Национални енергетски ресурси Скопје во државна сопственост и Акционерското друштво ГА-МА Скопје.

Номагас АД Скопје врши енергетска дејност, пренос и управување со системот за пренос на природен гас.

Покрај наведената дејност, Номагас работи на реализација на проектот за изградба на магистрални гасоводи за пренос на природен гас во должина од околу 800 км, како и интерконекции со преносните системи на соседните држави или меѓународните транзитни гасоводи.

Изградбата на магистралните гасоводни делници за пренос на природен гас и развојот на системот за пренос на природен гас во Република Северна Македонија има за цел да овозможи:

  • достапност на природниот гас до најголем дел од потрошувачите на територијата на Република Северна Македонија во регионите во кои до сега не бил достапен,
  • зголемување на потрошувачката на природен гас,
  • натамошна интеграција на националниот гасоводен систем за пренос на природен гас во Република Северна Македонија во меѓународните текови на природен гас.

Покрај активности за развој на гасоводната инфраструктура во Република Северна Македонија, презема и активности во различни проекти за изградба на интерконективни водови за пренос на природен гас и поврзување со соседните држави и меѓународни транзитни гасоводи.

 

Матичен број: 7649401

Даночен број: 4080022611460

Жиро сметка: 300000004930352

Депонент: Комерцијална Банка Скопје