Основни технички карактеристики на Системот за пренос на природен гас

Системот за пренос на природен гас во Република Северна Македонија започнува со приклучно место на интерконективната точка Ќустендил – Жидилово на македонскиот со бугарскиот систем за пренос на природен гас и се наоѓа на источната граница во месноста Деве Баир и се протега во правец на Кривопаланечкиот, Кратовскиот, Кумановскиот и Скопскиот регион. 

 

Мерниот систем во примо-предавателната станица се состои од 3 мерни линии (од кои 2 се работни, а една е резервна), и има компјутерски систем и опрема потребна за определување на количините и квалитетот на гасот. За мерење на количината на гас секоја мерна линија е опремена со два независни електронски мерни системи: мерење со ултразвук (комерцијално) и мерење со бленда (контролно). Капацитетот на мерните линии е 180.000 Nm3/h. Дизајниран капацитет на системот за пренос на природен гас е 800 милиони Nm3 годишно, со можност за зголемување до 1.200 милиони Nm3.

 

Магистралниот гасовод и разводните гасоводи се проектирани за работен притисок од 54 bar. Моменталниот работен притисок е 40 bar, а годишната пренесена количина на природен гас во последните 3 (три) години е просечно 350 милиони Nm3. При тоа, најголеми потрошувачи се когенеративната постројка за производство на електрична енергија и топлина – ТЕ-ТО АД Скопје и индустриските потрошувачи во градот Скопје.

Должините на магистралниот гасовод и разводните гасоводи, како и надворешниот дијаметар на цевките се прикажани во табелата подолу:

Ред. Бр.

Гасовод

Номинален пречник на гасоводната цевка (mm)

Должина (m)

1.

Магистрален гасовод

DN 500

98.611

2.

Разводен гасовод кон Крива Паланка

DN 100

1.511

3.

Разводен гасовод кон Гиновци

DN 100

1.692

4.

Разоводен гасовод кон Кратово

DN 100

4.564

5.

Разводен гасовод кон Куманово

DN 200

7.678

6.

Разводен гасовод кон ТИРЗ Бунарџик

DN 200

5.361

7.

Разводен гасовод кон ТАВ Македонија - Петровец

DN 200

46

8.

Разводен гасовод кон Скопје-Север

DN 300

1.848

9.

Разводен гасовод кон Скопје-Југ

DN 400

8.303

На линискиот дел од системот за пренос изградени се 1 (една) отпремна чистачка станица и 1 (една) приемна чистачка станица. 

Отпремната чистачка станица се наоѓа на 4,3 km на ПК 41+86.

Приемната чистачка станица се наоѓа на 97,94 km на ПК 922+06.

Објект

Километар / Пикет

(кm) / (ПК)

Отпремна чистачка станица

4,3 km / ПК 41 + 86

Приемна чистачка станица

97,94 km / ПК 922 + 06

Исто така, изградени се 16 (шеснаесет) блок станици на магистралниот гасовод, блок станици на разводните гасоводи, како и блок станици за интерконекција со гасоводните мрежи со соседните држави.

Реден број

Блок станица

1.

Блок станица Крива Паланка DN 500

2.

Блок станица Гиновци DN 500

3.

Блок станица Кратово DN 500

4.

Блок станица Велес (Клечовце) DN 500

5.

Блок станица Јужна Србија DN 300

6.

Блок станица Куманово DN 500

7.

Блок станица Романовце DN 150

8.

Блок станица Скопје Југ (Брњарци) DN 500

9.

Блок станица на разводен гасовод Крива Паланка DN 150

10.

Блок станица на разводен гасовод Гиновци DN 150

11.

Блок станица на разводен гасовод Кратово DN 150

12.

Блок станица на разводен гасовод Куманово DN 200

13.

Блок станица Бунарџик (Арачиново) DN 200

14.

Блок станица Бунарџик DN 200

15.

Блок станица на разводен гасовод Скопје Југ DN 400

16.

Блок станица на разводен гасовод Скопје Север DN 300

Дополнително, на локациите на блок станиците на разводниот гасовод Скопје Југ и разводниот гасовод Скопје Север, а пред главните мерно-регулациони станици ГМРС Скопје Југ и ГМРС Скопје Север инсталирани се 2 (две) филтерски циклонски станици за заштита од нечистотиите, правот и кондендзатот од природниот гас кои би можеле да дојдат преку магистралниот гасовод. 

 

Заштита на цевководот од корозија се врши со системот за катодна заштита преку протектори и катодни станици.

На високо-притисниот дел од системот за пренос има 7 (седум) главни мерно-регулациони станици (ГМРС) кои го намалуваат притисокот од магистралниот гасовод и на тој начин поврзувајќи го високо-притисниот дел со ниско притисните градски мрежи во градовите Крива Паланка, Кратово, Куманово и Скопје.

Ред. Бр.

Објект

Мерно-регулациона станица

(Максимален капацитет)

Влезна фланша

Излезна фланша

1.

ГМРС Крива Паланка

Q=5.000 Nm3/h

2"

4"

2.

ГМРС Кратово

Q=5.000 Nm3/h

2"

4"

3.

ГМРС Куманово

Q=20.000 Nm3/h

6”

8”

4.

ГРМС Скопје Север

Q=120.000 Nm3/h

12”

16”

5.

ГМРС Скопје Југ

Q=120.000 Nm3/h

12”

16”

6.

ГМРС ТАВ

Q=30.000 Nm3/h

8”

6”

7.

Дирекција за технички индустриски развојни зони

Q=10.000 Nm3/h

6”

10”

ГРАДСКИ ГАСОВОДНИ МРЕЖИ

Природниот гас преку главните мерно-регулациони станици (ГМРС) се редуцира и пренесува низ градските гасоводни мрежи до мерно-регулационите станици (МРС), кои претставуваат излезни места од системот, на кои се врши квалитативно и количинско предавање на природниот гас до потрошувачите, т.е. корисниците на системот.

Градска гасоводна мрежа Крива Паланка

Во табелата е даден преглед на должините на делниците од ГГМ Крива Паланка според номиналниот пречник на гасоводните цевки:

Номинален пречник на гасоводната цевка (mm)

Должина (m)

DN 100

1.089

Вкупната должина на ГГМ Крива Паланка изнесува 1,089 km.

На ГГМ Крива Паланка има приклучено 1 (еден) активен корисник на мрежата.

 

Градска гасоводна мрежа Кратово

Во табелата е даден преглед на должините на делниците од ГГМ Кратово според номиналниот пречник на гасоводните цевки:

Номинален пречник на гасоводната цевка (mm)

Должина (m)

DN 150

5.333

DN 200

24

DN 100

569

Вкупната должина на ГГМ Кратово изнесува 5,926 km.

На ГГМ Кратово во моментот нема приклучени корисници на мрежата.

 

Градска гасоводна мрежа Куманово

Во табелата е даден преглед на должините на делниците од ГГМ Куманово според номиналниот пречник на гасоводните цевки:

Номинален пречник на гасоводната цевка (mm)

Должина (m)

DN 200

939,00

DN 150

1.055,67

DN 150

3.635,19

DN 100

1.502,61

DN 100

19,46

DN 80

65,00

DN 50

188,18

DN 25

22,24

Вкупната должина на ГГМ Куманово изнесува 7,427 km.

На ГГМ Куманово има приклучено 4 (четири) активни корисници на мрежата.

 

Градска гасоводна мрежа Скопје

Во табелата е даден преглед на должините на делниците од ГГМ Скопје според номиналниот пречник на гасоводните цевки:

Номинален пречник на

гасоводната цевка (mm)

Должина (m)

DN 500

5.612,5

DN 500

2.263,54

DN 400

11.757

DN 400

10.715,39

DN 300

1.456,67

DN 300

17,63

DN 250

149,98

DN 200

6.120,08

DN 150

15.094,59

DN 150

1.381,24

DN 100

46,7

DN 100

4.501,27

DN 100

1.365,74

DN 80

3.412,21

DN 50

1.571,19

DN 25

43,83

65.510

Вкупната должина на ГГМ Скопје изнесува 65,510 km.

 

На ГГМ Скопје има приклучено најголем број на корисници на мрежата. 

 

Најголем дел од мерно-регулационите станици се приклучени на телеметрискиот систем за далечинско отчитување, односно собирање на податоци од мерните уреди инсталирани во станиците, со што обезбедуваме стабилен и брз пренос на податоците до Диспечерскиот центар на НОМАГАС АД Скопје, како и нивна брза обработка во потребни извештаи, наплати и статистички анализи.  

  

Вкупната должина на магистралниот гасовод и разводните гасоводи изнесува 129,614 km.

 

Должината на Градските гасоводни мрежи во Крива Паланка, Кратово, Куманово и Скопје изнесува 79,952 km.

 

Вкупната должина на досега изградената мрежа на Системот за пренос на природен гас на НОМАГАС АД Скопје изнесува 209,566 km.

Должина (km)

Магистрален гасовод и разводни гасоводи Вкупно

129,614

ГГМ Вкупно

79,952

Гасовод Вкупно

209,566

Пренесени количини на природен гас по години

Година Пренесени количини (Nm3)
2006 82.787.893
2007 105.398.201
2008 119.607.640
2009 117.393.625
2010 117.393.625
2011 135.835.969
2012 136.587.341
2013 158.585.180
2014 134.663.666
2015 135.946.902
2016 213.439.518
2017 275.072.659
2018 253.628.080
2019 295.206.982
2020 337.880.997
2021 426.175.676
2022 280.085.963

Тарифи

Просечната тарифа на НОМАГАС АД Скопје изнесува 0,1216 ден/kWh.

Приклучување

Приклучување на системот за пренос на природен гас е постапка на изградба на приклучна инсталација со која потенцијалниот корисник се поврзува со системот. По доставеното барање и дефинирање на техничките услови, одпочнува постапката за приклучување на системот согласно Мрежните правила и постоечката законска регулатива. Во предвидениот рок се добива одобрение за приклучување.

Договор за интерконекција

Договор – PDF