Search
Close this search box.

Посета на Power Gen, USA

Владината делегација, предводена од министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Национални Енергетски Ресурси – Бајрам Реџепи, од 4ти до 6ти Декември во Орландо, Флорида, САД, учествуваше на најголемиот светски настан од областа на производство на енергија, Power Gen International.
Power Gen International e најголем меѓународен настан, со 30 годишна традиција, на кој се опфатени и презентирани најновите трендови и технологии од областа на производство на енергија. Претставени се сите форми на енергија преку научни конференции, работилници и саем на кој се учествуваа над 900 компании од целиот свет. Преку мотото на настанот , “When CONVENTIONAL, meet RENEWABLE”, Power Gen International претстави разновидни производи и сервиси, развивајќи нови иновативни решенија.