Search
Close this search box.

Spread solution not pollution

Национални Енергетски Ресурси на огромно задоволство го прифати предлогот на Министерство за животна средина и просторно планирање за спроведување на акции за борба против аерозагадувањето и заштита на животната средина.

На последниот ден од 2018 година, 31.12.2018, со одлука на извршниот директор на МЕР АД Скопје, г-дин Бајрам Реџепи, вработените во МЕР АД Скопје ги оставија своите автомобили и пристигнаа на работното место, користејќи јавен транспорт, возење велосипед и пешачење.Сите закажани и планирани состаноци на 31.12.2018година вон просториите на МЕР АД Скопје, беа реализирани на истиот начин. На овој начин помогнавме во стимулирање на останатите граѓани и институции да го следат нашиот пример и да ги остават автомобилите.