Search
Close this search box.

Работна средба со делегација од ДЕСФА, Република Грција

На ден 19.02.2019 година во просториите на НЕР АД Скопје, се одржа работна средба меѓу делегација од ДЕСФА (Оператор на систем за пренос на гас во Република Грција) и НЕР АД Скопје.

На состанокот се дискутираше за интензивирање на реализација на интерконективниот вод кон Грција, тековните активности и идните проекти на двете компании. Проширување на меѓународната соработка, како и интерконекции со соседните земји. НЕР АД Скопје ги презентираше тековните активности во однос на изградбата на националниот гасоводен систем во земјата, како и идните планови за изградбата на гасната интерконекција меѓу двете земји.