Потпишан протокол за соработка со ДЕСФА

Соопштение за медиуми

Во рамките на посетата на владината делегација на Република Грција, денес, во просториите на АД НЕР се потпиша протокол за соработка како анекс на меморандумот потпишан во 2016 година, кој ги дефинира техничките и финансиските аспекти на интерконекцискиот вод меѓу АД НЕР и грчкиот национален оператор ДЕСФА. Со анексот се продлабочува и соработката на АД НЕР и ДЕСФА, од аспект на градење на капацитетите, до усовршување на кадри и забрзување на постапките за градење на овој важен интерконектор за државата.