Работен состанок со Европска Инвестициона Банка (ЕИБ), Еnergy Community (Eнергетска заедница), ДЕСФА, консултантска куќа Connecta, Министерство за економија на Република Северна Македонија и Регулаторна комисија за енергетика на Република Северна Македонија

На ден 13.06.2019 година, во просториите на НЕР АД Скопје, се одржа работен состанок на кој присуствуваше висока делегација од Европска Инвестициона Банка (ЕИБ), Енергетска заедница, ДЕСФА, консултантска куќа Connecta, како и претставници од Министерство за економија на Република Северна Македонија и Регулаторна комисија за енергетика на Република Северна Македонија. На работниот состанок, се дефинираа детаљите за финансирањето на гасната интерконекција со Република Грција, како и взаемно информирање за текот на реализација на обврските на секоја од заинтересираните страни.