Работна средба со претставници од Светска Банка

Во просториите на МЕР АД Скопје се одржа состанок со високи претставници на Светска Банка, носители на проектот “Energy Efficiency Project”. Целта на овој проект е поддршката која ја дава Светска Банка за развој на македонската енергетска транзиција. Извршниот директор на МЕР, Бајрам Реџепи ги презентираше клучните аспекти на гасификацијата во Северна Македонија, статус на реализација на изградбата на магистралниот гасовод, интерконекција со Република Грција, конекција со TAP (Trans Adriatic Pipeline), како и изградба на нови делници во Република Северна Македонија. Гасификацијата е најзначаен проект за успешно спроведување на енергетската транзиција.