Бајрам Реџепи – извршен директор на НЕР: Северна Македонија во иднина ќе добива гас од Азербејџан

Северна Македонија во иднина ќе добива гас од Азербејџан

Денес, присуствувавме на церемонијата и инаугарицијата на пуштање на ТАНАП и поврзувањето на Trans Adriatic Pipeline – ТAP. Овој проект е во должина од 1850 километри поминува низ целата територија на Турција се поврзува со Грузија и со ТАП кај делницата со Грција. Исклучително важен за нашата држава бидејќи дава смисла и на нашето поврзување на ТАП. Со ова, конечно ќе се поврземе на овој тек, што доаѓа од изворите на Шадениз и завршува во Италија, со вкупен капацитет на 31 милијарда кубни метри на годишно ниво. Со тоа дефинитивно нашата држава ги диверзифицира изворите на снабдување и креираме можност за стабилен пазар на гас.