Извршниот директор на НЕР АД Скопје, Бајрам Реџепи, денес оствари онлајн средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, госпоѓа Кејт Брнс. На средбата се дискутираше за развојот на секторот енергетика во Република Северна Македонија, како и за влијанието на пандемијата од Ковид -19 врз текот на градбата на гасниот преносен ситем. Една од главните теми беше развојот на идните проекти и планови и соработката меѓу Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија. Извршниот директор на НЕР АД Скопје, Бајрам Реџепи и се заблагодари на амбасадорката Брнс за големата помош и поддршка на САД во реализацијата на овој значаен проект за нашата земја.