Search
Close this search box.

Увид на магистрален гасовод Скопје-Тетово-Гостивар

Изјава на Бајрам Реџепи, извршен директор на НЕР АД Скопје

“Најпрво сакам да му се заблагодарам на премиерот и на министрите за постојаната поддршка и ангажман за брзата реализација на овој многу важен проект.

Денес се наоѓаме на 32 км од делницата Скопје Тетово Гостивар. Оваа делница е во должина од 76 км + 10 км крак Тетово.

На оваа делница им 7 блок станици и две ГМРС (Главни Мерни Регулациони Станици), ГМРС –Тетово, со капацитет од 22000 м3/час и ГМРС- Гостивар, со капацитет од 16000 м3/час. Реализацијата по ситуации е околу 66 %, но реалната е повеќе од 70 %. Иако се соочуваме со големи административни проблеми заради пандемијата, моментално градежни активности имаме на 6 разлини локации.

Најголемиот проблем со кој се соочуваме е решавањето на имотно правните односи, бидејќи од месец март, поради пандемијата Управата за Имотно Правни работи ги откажа сите седници и расправи со странките ( сопствениците на парцелите) . Но, во интензивна и секојдневна комуникација со управата и овој проблем веќе го надминавме и наредните денови ќе почне пак да тече процесот на експопријација , а со тоа и ќе се интензивира динамиката на реализација на проектот.

На делницата Неготино – Битола, реализацијата по ситуации е околу 92%. На оваа делница имаме уште една измена во тек на градба кај Фени, чиј инфраструктурен проект очекуваме дека брзо ќе биде усвоен од страна на Министерство за транспорт и врски, за да го добиеме одобрението за градба и брзо да се заврши и оваа делница во должина од 92 км.

Иако во време на пандемија е неблагодарно да се дефинираат точни рокови, очекуваме дека делницата кон Битола ќе заврши во текот на првиот квартал од наредната година, а делницата кон Тетово, во текот на втората половина од наредната година”.