Посета на Боташ и Регулаторна комисија за енергетика на Турција – Анкара

Извршниот директор на НЕР АД Скопје, Бајрам Реџепи и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика на Република Северна Македонија, остварија средба со претседателот на Регулатурната комисија на Турција и директорот на турскиот оператор за пренос на гас – Боташ. На овие средби беа разгледани тарифните модели за пренос на гас во Турција, како и можноста за пренесување на турското искуство, преку едукација на наш кадар во нивните центри.