Заварување на последна цевка ДЕЛНИЦА 2 Неготино – Битола

Денес , заедно со премиерот Ковачевски и министерот за транспорт и врски Бочварски , извршивме увид во заварувањето на последната цевка на делницата Неготино – Битола,со што и завршија градежните работи на оваа делница. Ова практично значи дека делницата од 188км Клечовце – Битола ќе се спои и ќе се стави наскоро во употреба. Исто така, се очекува многу скоро да завршат градежните работи на делницата Скопје- Тетово- Гостивар.