Со пристигнувањето на првите цевки од реномираниот европски производител CORINTH PIPEWORKS, проектот за изградба на гасниот интерконектор влегува во нова, значајна фаза на реализација.
Реализацијата на ваков капитален инфраструктурен проект подразбира сложени и повеќеслојни процеси, кои вклучуваат координација со повеќе институции, усогласување со законските процедури, како и почитување на сите пропишани стандарди поврзани со безбедноста, заштитата на животната средина и културното наследство.
„Номагас“ останува целосно посветена на транспарентна соработка со сите надлежни институции и на навремена реализација на проектот, кој има стратешко значење за енергетската стабилност на државата и регионот.


