Извршниот директор на НЕР АД Скопје, Бајрам Реџепи заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и директорите на МЕПСО и ЕСМ, оствари средба со најзначајниот оператор за трансмисија на природен гас во Турција- Боташ и главните учесници за производство на електрична енергија. Енергетската криза во Европа, ќе има влијание и врз нашата економија. Го правиме најдоброто за да се справиме со последиците.