Во Тирана се одржа конференција под покровителство на албанскиот премиер, Еди Рама и на американската амбасадорка Јуриј Ким. На оваа конференција присуствуваше Бајрам Реџепи, извршен директор на Национални Енергетски Ресурси, заедно со колегите од енергетските гиганти Сокар, Ексон Мобил, Снам, Енагас, ТАП и други. Тој ја претстави нашата стратегија за диверзификација и безбедност на енергетските извори, кон енергетска независност.