Search
Close this search box.

Гасот доаѓа сѐ поблиску, завршени 70 проценти од работите на кракот Неготино – Прилеп – Битола

“Денес го информиравме премиерот и министерот за транспорт и врски за текот на реализацијата на магистралните гасоводи во државата. Му се заблагодарувам на премиерот и за неговиот личен ангажман и помошта што ни ја дава во надминување на проблемите во текот на реализацијата на овој исклучително важен проект за нашата држава и граѓаните.

Оваа година откако ги надминавме поголемиот дел од проблемите, имаме многу добра реализација на градаб на делницата од Неготино до Битола во должина од 92 км, веќе имаме отворено околу 83 км од трасата и околу 65 км заварени цевки, со реална реализација од околу 75% од градбата. Според нашиот динамичен план, до крајот на оваа година ќе имаме повеќе од 90% реализација и очекувам навреме да ја изградиме оваа делница. Тоа значи дека во втората половина на наредна година оваа делница ќе биде оперативна и спремна за опслужување за пренос на природен гас.

И во другата делница Скопје –Тетово-Гостивар, сме на ниво од околу 50 % на реализација на градбата, таму ни се појавиа повеќе нужни измени во тек на градба, сигурно ќе имаме потреба од мало пролонгирање на рокот за реализација на градбата, но веќе ги решивме поголемиот дел од проблемите и очекувам и таа делница да се пушти во употреба до крајот на наредната година”- изјави Бајрам Реџепи, извршен директор на НЕР АД Скопје.