“Oбјектот што е позади нас е главната мерна регулаторна станица Неготино, која што е предвидена да биде со максимален капацитет за опслужување со природен гас со 7000метри кубни на час. Ова е последниот градежен зафат во ЛОТ 1, делницата од Штип до Неготино, вкупна должина до 36км, а другите делови се комплетно завршени, линискиот дел е комплетно завршен, направен е веќе успешен хидро тест и очекувам како што рече министерот до крајот на наредниот месец, евентуално првата половина на фебруари, веќе да имаме употребна дозвола , да се заполни со гас и да опслужува кон дистриутивните оператори. И во другите два ЛОТа, имаме интензивни градежни активности, посебно во втората половина од оваа година, има задоволително ниво на реализација на проектите. Во ЛОТ 2, тоа е од Неготино до ова место до Битола, имаме вкупна реализација над 40 проценти од сите градежни активности и очекувам во првиот квартал од 2020година да заврши целата оваа делница. Исто така и во ЛОТ 5 имаме доста добра реализација во втората половина на оваа година. Веќе стигнавме до вкупна реализација над 35 проценти од сите градежни активности и очекувањата се до крајот на наредната година да биде завршена таа делница, или евентуално може да има мало отстапување од 3 месеци заради големиот број на измени во тек на градба што се појавија и што се покажаа неминовни што треба да ги направиме во целата делница од Скопје-Тетово до Гостивар. Оваа точка ќе биде исто така многу битна и ќе биде јазол не само на приклучување со Лот 2, туку и за приклучување кон интерконецискиот вод кон Грција. Со задоволство ќе ви кажам дека веќе е направена физибилити студија заедно со грчкиот оператор ДЕСФА и веќе е аплицирано во WBIF за одорение за грант за градба.При крај се преговорите со значителни, финансиски европски институции за финансирање на оваа делница и очекувам дека брзо ќе имаме конкретен договор за финансирање. Оваа интерконекција е најбитна во целата оваа работа, бидејќи ќе добиваме не само конкурентен и стабилен систем за снабдување, туку ќе имаме и повеќе диверсификација на сите наши извори за снабдување со природен гас”- Бајрам Реџепи, извршен директор на НЕР АД Скопје.