Поради планирани ремонтни работи на регионалните гасоводни системи во соседството, во периодот од 13.10.2025 година до 17.10.2025 година ќе има прекин на испораката на природен гас кон Македонија. За ваквиот прекин НОМАГАС АД Скопје навремено ги достави потребните известувањa до сите засегнати страни.
НОМАГАС АД Скопје во рамките на расположливите можности ќе ги преземе сите неопходни мерки за соодветно да се постапи согласно соопштението од Регулаторната комисија за енергетика од 30.09.2025 година.
Доколку бидеме информирани за евентуални промени околу времетраењето на прекинот, јавноста ќе биде навремено известена преку ново известување.
Напоменуваме да се има во предвид дека за ваквата состојба придонесува тоа што нашата држава има само еден влез за природен гас преку единствениот интерконектор кај Деве Баир.
Во насока на надминување на ваквото ограничување, НОМАГАС АД Скопје интензивно работи на реализација на уште едно интерконективно поврзување, односно интерконекторот со Грција, чија изградба веќе е започната во јуни. Овој интерконектор е значаен од повеќе аспекти, а посебно значаен од аспект на конкретната состојба е тоа што со неговата изградба ќе има втор влез за природен гас и ќе се овоможи да има резервна достапност на природен гас во случај на прекини поради вакви ремонтни работи.