Согласно Законот за задолжување на Република Македонија кај Дојче банка и Ерсте банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот „Гасификација на Република Македонија – фаза 1 – Делница Штип – Неготино – Битола и Делница Скопје – Тетово – Гостивар“ се обезбедени финансиски средства за изградба на Делница „Блок станица 5 (Штип) – Неготино“.
Изградбата е започната во јуни 2016 година и е завршена во 2019 година.
Технички параметри:
- Линиски дел во должина од 36 km со дијаметар на цевка DN 500 (20”);
- Блок станици: БС 7(DN500); БС Неготино (DN80); БС 8 (DN400) и БС Кавадарци 1 (DN150);
- ГМРС „Штип”, со капацитет Q=19 000 m3/h;
- ГМРС „Неготино”, со капацитет Q=7 000 m3/h.
Опис на трасата:
Трасата на Делница Блок станица 5 (Штип) – Неготино започнува од Блок станица 5 во близина на градот Штип (каде што завршува Делницата Клечовце-Блок станица 5), ја поминува планината Серта, минува низ крајниот источен дел од опфатот на војниот полигон Криволак и се упатува кон река Вардар. По преминот на река Вардар гасоводната магистрална делница се до својот завршеток кај приклучокот за Кавадарци е со западен правец на напредување. Во овој дел трасата минува јужно од Неготино, северно од ТЕЦ Неготино и северно од градот Кавадарци.