“За чисто како дома исто”

ЕКО АКТИВИЗАМ “За чисто како дома исто” НЕР АД Скопје, како општествено одговорна компанија, активно се вклучи во кампањата предводена од Делегација на Европска Унија во Република Северна Македонија. Вработените во НЕР, предводени од извршниот директор Бајрам Реџепи, активно учествуваа во чистење на кејот на реката Вардар.

Работен состанок со Европска Инвестициона Банка (ЕИБ), Еnergy Community (Eнергетска заедница), ДЕСФА, консултантска куќа Connecta, Министерство за економија на Република Северна Македонија и Регулаторна комисија за енергетика на Република Северна Македонија

На ден 13.06.2019 година, во просториите на НЕР АД Скопје, се одржа работен состанок на кој присуствуваше висока делегација од Европска Инвестициона Банка (ЕИБ), Енергетска заедница, ДЕСФА, консултантска куќа Connecta, како и претставници од Министерство за економија на Република Северна Македонија и Регулаторна комисија за енергетика на Република Северна Македонија. На работниот состанок, се дефинираа […]

Состанок со Energy Community, WBIF, EIB, Консултантска куќа – Connecta, Секретаријат за европски прашања и Министерство за економија

Денес, 29.05.2019, во просториите на НЕР АД Скопје, се одржа работен состанок со високи претставници на Европска Инвестициона Банка, Energy Community, WBIF, консултантската куќа Connecta, Mинистерство за економија и Секретаријат за европски прашања, инволвирани странки во реализацијата на проектот за гасна интерконекција со Република Грција. Тема на дикусијата беше взаемно информирање за текот на реализација […]

Гасоводот го проби Водно, до Гостивар ќе стигне до крајот на годинава

Гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар ќе го фати рокот на завршување до крајот на годината, а делот на гасоводот од Неготино до Битола може да биде завршен и пред рокот, првиот квартал од следната година, убедува директорот на Национални енергетски ресурси (НЕР), Бајрам Реџепи. – Интензивирани се работите на делницата Скопје-Тетово која е изградена над 50 отсто. Се […]

Работнa средбa со претставниците од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“

РАБОТЕН СОСТАНОК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОГРАМАТА ЗА ПОШУМУВАЊЕ НА ВОДНО Работната група за пошумување на Водно составена од претставници од Град Скопје, ЈП „Паркови и зеленило“, Министерство за животна средина, Министерство за транспорт и врски и Шумарски факултет, одржа работен состанок со претставници од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ во врска со досегашните активности за изработка на […]

Потпишан протокол за соработка со ДЕСФА

Соопштение за медиуми Во рамките на посетата на владината делегација на Република Грција, денес, во просториите на АД НЕР се потпиша протокол за соработка како анекс на меморандумот потпишан во 2016 година, кој ги дефинира техничките и финансиските аспекти на интерконекцискиот вод меѓу АД НЕР и грчкиот национален оператор ДЕСФА. Со анексот се продлабочува и […]

Интерконекција со Грција, за стабилно снабдување со гас

“Денес го информиравме премиерот, заменик претседателот на владата и министерот за транспорт и врски и другиот дел од делегацијата, со текот на реализацијата на проектот на делницата од Неготино до Битола. Со задоволство ги информиравме дека над 90 проценти од имотно правните прашања се решени, веќе имаме заварено околу 33 километри цевки, имаме отворена траса […]

Увид во гасоводен крак Неготино-Прилеп-Битола, Март 2019

“Го известивме премиерот и другиот дел од владината делегација дека на делницата Неготино-Битола имаме заварено 33км од гасоводот, 52км од отворената траса и над 75км решени имотно правни прашања. Проектот се реализира според предвидената динамика и ги правиме сите напори оваа година динамичниот план да се надмине.”- изјави Бајрам Реџепи, извршен директор на НЕР АД […]

Работна средба со делегација од ДЕСФА, Република Грција

На ден 19.02.2019 година во просториите на НЕР АД Скопје, се одржа работна средба меѓу делегација од ДЕСФА (Оператор на систем за пренос на гас во Република Грција) и НЕР АД Скопје. На состанокот се дискутираше за интензивирање на реализација на интерконективниот вод кон Грција, тековните активности и идните проекти на двете компании. Проширување на […]

Официјална средба со министерот за економски развој на Косово, Валдрин Лука

Извршниот директор на НЕР АД Скопје, Бајрам Реџепи, присуствуваше на официјалната средба со министерот за економски развој на Косово, Валдрин Лука и неговата придружна делегација. Средбата беше предводена од министерот за економија на Република Северна Македонија, Крешник Бектеши.

Цените ќе паѓаат со зголемувањето на потрошувачката на гасот

Гасификацијата позитивно ќе влијае од економски, еколошки и од енергетски аспект, а вистинските ефекти ќе се почувствуваат дури откога ќе се обезбедат услови за евтин приклучок, евтина цена за пренос, конкурентност, субвенции или евтини кредити за приспособување на внатрешните инсталации и опрема, но и за диверзификација на изворите за снабдување. Намалени трошоци за енергија, како […]

Spread solution not pollution

Национални Енергетски Ресурси на огромно задоволство го прифати предлогот на Министерство за животна средина и просторно планирање за спроведување на акции за борба против аерозагадувањето и заштита на животната средина. На последниот ден од 2018 година, 31.12.2018, со одлука на извршниот директор на МЕР АД Скопје, г-дин Бајрам Реџепи, вработените во МЕР АД Скопје ги […]