Working meeting with Vladimir Malinov - Executive Director of Bulgartransgaz

Денес во официјална посета во просториите на НЕР АД Скопје, беше генералниот директор на бугарскиот оператор за пренос на природен гас г. Владимир Малинов. На состанокот беа дискутирани можностите за продлабочување на соработката меѓу нашите државни оператори за пренос на природен гас, како и развој на регионален пазар на природен гас. Изградбата на втор интерконектор меѓу Струмица и Петрич, зголемување на сегашните погранични капацитети и партнерството во изградбата на LNG- терминалот во Александрополис , се дел од идните предизвици помеѓу двата државни оператори. Во овие пријателски разговори заедничкиот заклучок е да изградиме што повеќе мостови за соработка и колку што е можно повеќе да ги минимизираме бариерите помеѓу нас.