Потпишан договорот за соработка со Асмина Елени Копелозу

Бајрам Реџепи, извршен директор на НЕР АД Скопје и Константинос Сифнаиос претставник на ” Асмина Елени Копелозу”, денес во Владата на Република Северна Македонија потпишаа Меморандум за соработка за реализација на проектите: Терминал на течен природен гас Александрополис и обезбедување на капацитет за природен гас. Овој терминал, помогнат и финансиран од ЕУ и САД ќе има годишен капацитет од околу 6 милијарди метри кубни течен гас. Ова ќе ни овозможи набавка на гас на било која земја од светот.