Потпишан договор за интерконективен гасовод со Грција- ДЕСФА

Заедно со американската амбасадорка, нејзината екселенција г -ѓа. Бурнс и високи европски претставници, во рамките на најголемиот енергетски форум во регионот, потпишавме договор за соработка со грчкиот оператор за пренос на гас – ДЕСФА.

Овој договор (долго преговаран) ги дефинира точно условите на нашите заеднички обврски, во врска со изградбата и работењето на еден од најважните проекти на нашата земја, интерконективен гасовод со Грција. Ова е еден од последните чекори, но и најважен кон постигнување конечна одлука за инвестирање.