Состанок со министерот за финансии Фатмир Бесими

Денес, заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими, ја пречекавме потпретседателката на Европската Инвестициска Банка, госпоѓа Лилјана Павлова, како многу важен партнер во проектите за гасификација. И се заблагодарив за досегашната поддршка и разговаравме за забрзување на реализацијата за интерконекција на природен гас со Грција, како проект од високо стратешко значење за нас.