Потпишан договор за надзор за Проектот за изградба на гасниот интерконектор помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција

Во текот на денешниов ден се потпиша договорот за вршење на надзор над изградбата на гасниот интерконектор, помеѓу НОМАГАС АД Скопје и ДЕСФА С.А. од Грција.

Финансирањето на надзорот над градбата и административната поддршка за реализација на Проектот е обезбедено преку програмата WBIF, со Договор за инвестициски грант потпишан со ЕИБ во висина од 2.475.00 евра

Ангажирањето на надзорот и административната поддршка е во согласност со правилата и постапките на ЕИБ.

Ова е значаен чекор за побрзо започнување на изградбата на интерконекторот, со оглед дека изборот на Надзор над градбата е услов за избор на изведувач.

Интерконекторот е мошне важен и потребен Проект за нашата држава кој овозможува достапност на природен гас од повеќе извори на снабдување и треба да овозможи поповолни цени за корисниците.