Во тек е изградбата на интерконективниот вод за природен гас со Република Грција, во должина од 67 km, од Неготино до границата со Република Грција. Проектот се финансира од Европската инвестициска банка (ЕИБ) преку инвестициски грант од програмата WBIF и од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Интерконекторот за природен гас меѓу Македонија и Грција ќе биде со вкупна должина од 123 километри (вклучувајќи ја македонската и грчката страна) и ќе се протега од Неа Месимвриа до Неготино преку Гевгелија, поврзувајќи ги двата национални системи за пренос на природен гас. Почетниот капацитет на интерконекторот ќе изнесува 1,5 милијарди кубни метри годишно, со можност за проширување до 3 милијарди кубни метри годишно. Спроведени се и студии со цел гасоводот да има соодветни технички спецификации за транспорт на водород.
ЕБОР – ПРОЕКТ ЗА РЕГИОНАЛНА ГАСИФИКАЦИЈА – ОБЈАВУВАЊЕ ОВЖССА (zip документи)