P-TECC (The Partnership for Transatlantic Energy and Climate cooperation), е најважниот евро-американски енергетски состанок-форум каде се дефинираат најважните енергетски проекти и регионалната соработка. Денеска во Загреб заедно со министерот Крешник Бектеши, со министерката за енергетика на САД, како и со министрите од целиот регион разговаравме за насоките на диверзификација на нашите извори на енергија и итни проекти кои ќе бидат во функција за независност од руски извори. Одржавме билатерални средби со министрите за енергетика на Хрватска, Бугарија и многу други важни актери од енергетскиот сектор.