Работна средба со претставници од Светска Банка

Во просториите на МЕР АД Скопје се одржа состанок со високи претставници на Светска Банка, носители на проектот “Energy Efficiency Project”. Целта на овој проект е поддршката која ја дава Светска Банка за развој на македонската енергетска транзиција. Извршниот директор на МЕР, Бајрам Реџепи ги презентираше клучните аспекти на гасификацијата во Северна Македонија, статус на […]

Можно е кратко пролонгирање на роковите за изградбата на гасоводот

Припојувањето на „ГА-МА“ кон Национални енергетски ресурси (НЕР), откако Владата ќе стане целосен сопственик на оваа компанијата за пренос на природен гас, за гасификацијата ќе значи забрзување на процесот, единствена и поевтина тарифа, ефикасност и ефективност, вели за „Мета“ првиот човек на НЕР, Бајрам Реџепи. Сепак, според него, тоа е потребен, но недоволен услов за […]

Гасот доаѓа сѐ поблиску, завршени 70 проценти од работите на кракот Неготино – Прилеп – Битола

“Денес го информиравме премиерот и министерот за транспорт и врски за текот на реализацијата на магистралните гасоводи во државата. Му се заблагодарувам на премиерот и за неговиот личен ангажман и помошта што ни ја дава во надминување на проблемите во текот на реализацијата на овој исклучително важен проект за нашата држава и граѓаните. Оваа година […]

Реализација на градба

Реализацијата на градба на магистралниот гасовод се одвива според очекуваните планови. Гасификацијата е еден од најзначајните проекти во нашата земја. Изграден магистрален гасовод 96 километри, 178 километри магистрален гасовод во изградба.

Јавна дебата во Општина Сопиште

На ден 29.07.2019 година во Општина Сопиште се одржа јавна дебата на која присуствуваа Бајрам Реџепи, извршен директор на НЕР АД Скопје, градоначалникот на Општина Сопиште, Стевче Трпкоски, Далибор Богдановски, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, претставници од советот на Општина Сопиште, претставници од НЕР и граѓаните од оваа општина. На оваа дебата беше […]

“За чисто како дома исто”

ЕКО АКТИВИЗАМ “За чисто како дома исто” НЕР АД Скопје, како општествено одговорна компанија, активно се вклучи во кампањата предводена од Делегација на Европска Унија во Република Северна Македонија. Вработените во НЕР, предводени од извршниот директор Бајрам Реџепи, активно учествуваа во чистење на кејот на реката Вардар.

Работен состанок со Европска Инвестициона Банка (ЕИБ), Еnergy Community (Eнергетска заедница), ДЕСФА, консултантска куќа Connecta, Министерство за економија на Република Северна Македонија и Регулаторна комисија за енергетика на Република Северна Македонија

На ден 13.06.2019 година, во просториите на НЕР АД Скопје, се одржа работен состанок на кој присуствуваше висока делегација од Европска Инвестициона Банка (ЕИБ), Енергетска заедница, ДЕСФА, консултантска куќа Connecta, како и претставници од Министерство за економија на Република Северна Македонија и Регулаторна комисија за енергетика на Република Северна Македонија. На работниот состанок, се дефинираа […]

Состанок со Energy Community, WBIF, EIB, Консултантска куќа – Connecta, Секретаријат за европски прашања и Министерство за економија

Денес, 29.05.2019, во просториите на НЕР АД Скопје, се одржа работен состанок со високи претставници на Европска Инвестициона Банка, Energy Community, WBIF, консултантската куќа Connecta, Mинистерство за економија и Секретаријат за европски прашања, инволвирани странки во реализацијата на проектот за гасна интерконекција со Република Грција. Тема на дикусијата беше взаемно информирање за текот на реализација […]

Гасоводот го проби Водно, до Гостивар ќе стигне до крајот на годинава

Гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар ќе го фати рокот на завршување до крајот на годината, а делот на гасоводот од Неготино до Битола може да биде завршен и пред рокот, првиот квартал од следната година, убедува директорот на Национални енергетски ресурси (НЕР), Бајрам Реџепи. – Интензивирани се работите на делницата Скопје-Тетово која е изградена над 50 отсто. Се […]

Работнa средбa со претставниците од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“

РАБОТЕН СОСТАНОК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОГРАМАТА ЗА ПОШУМУВАЊЕ НА ВОДНО Работната група за пошумување на Водно составена од претставници од Град Скопје, ЈП „Паркови и зеленило“, Министерство за животна средина, Министерство за транспорт и врски и Шумарски факултет, одржа работен состанок со претставници од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ во врска со досегашните активности за изработка на […]

Потпишан протокол за соработка со ДЕСФА

Соопштение за медиуми Во рамките на посетата на владината делегација на Република Грција, денес, во просториите на АД НЕР се потпиша протокол за соработка како анекс на меморандумот потпишан во 2016 година, кој ги дефинира техничките и финансиските аспекти на интерконекцискиот вод меѓу АД НЕР и грчкиот национален оператор ДЕСФА. Со анексот се продлабочува и […]

Интерконекција со Грција, за стабилно снабдување со гас

“Денес го информиравме премиерот, заменик претседателот на владата и министерот за транспорт и врски и другиот дел од делегацијата, со текот на реализацијата на проектот на делницата од Неготино до Битола. Со задоволство ги информиравме дека над 90 проценти од имотно правните прашања се решени, веќе имаме заварено околу 33 километри цевки, имаме отворена траса […]