Проектот за гасниот интерконектор влегува во нова фаза на реализација

Со пристигнувањето на првите цевки од реномираниот европски производител CORINTH PIPEWORKS, проектот за изградба на гасниот интерконектор влегува во нова, значајна фаза на реализација. Реализацијата на ваков капитален инфраструктурен проект подразбира сложени и повеќеслојни процеси, кои вклучуваат координација со повеќе институции, усогласување со законските процедури, како и почитување на сите пропишани стандарди поврзани со безбедноста, […]
Интерконективен вод за пренос на природен гас меѓу Република Северна Македонија и Република Грција

Во тек е изградбата на интерконективниот вод за природен гас со Република Грција, во должина од 67 km, од Неготино до границата со Република Грција. Проектот се финансира од Европската инвестициска банка (ЕИБ) преку инвестициски грант од програмата WBIF и од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Интерконекторот за природен гас меѓу Македонија и […]
Соопштение во врска актуелната ситуација со прекин на испорака на природен гас

Поради планирани ремонтни работи на регионалните гасоводни системи во соседството, се соочуваме привремено да има прекин на испораката на природен гас кон Македонија, а ваквите ремонтни активности не се во ингеренции на НОМАГАС АД Скопје од причини што не се вршат на сопствениот гасовод. Имајќи го во предвид наведеното, активно и ажурно се следи состојбата 24 часа на ден […]
Известување за прекин на испорака на природен гас

Поради планирани ремонтни работи на регионалните гасоводни системи во соседството, во периодот од 13.10.2025 година до 17.10.2025 година ќе има прекин на испораката на природен гас кон Македонија. За ваквиот прекин НОМАГАС АД Скопје навремено ги достави потребните известувањa до сите засегнати страни. НОМАГАС АД Скопје во рамките на расположливите можности ќе ги преземе сите […]
Од визија до реализација: Проектот за интерконекторот со Грција, започнат во 2016 година, влегува во фаза на изградба

НОМАГАС со гордост го означува овој историски момент – започна изградбата на гасниот интерконектор што ќе ја поврзе Северна Македонија со регионалната и европската мрежа за природен гас. Овој стратешки проект, чии подготовки започнаа уште во 2016 година, денес прераснува во реалност. Под водство на директорот Мухамет Елмази, НОМАГАС ја предводи оваа клучна национална мисија […]
Потпишан Меморандум за соработка меѓу „Номагас“ АД Скопје и „Србијагас“

Меморандум за разбирање помеѓу Јавното претпријатие „Србијагас“ Нови Сад и акционерското друштво „Номагас“ АД Скопје беше потпишан денеска во Белград. Документот за идната билатерална соработка меѓу националната гасна компанија на Србија и операторот на националниот систем за транспорт на природен гас на Северна Македонија го потпишаа генералните директори на „Србијагас“ и „Номагас“АД Скопје, Душан Бајатовиќ […]
НОМАГАС ја зголеми својата капитална вредност – нов чекор кон стабилен развој на гасната инфраструктура

НОМАГАС ја зголеми својата капитална вредност – нов чекор кон стабилен развој на гасната инфраструктура Скопје, 13.06.2025 Акционерското друштво за вршење енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС АД Скопје, во државна сопственост, успешно ја зголеми својата капитална вредност преку претворање на побарувањата на Република Северна Македонија по основ на платени побарувања кон странски кредитори […]
НОМАГАС“ го потпиша договорот за изградба на интерконекторот со Грција – клучен чекор кон енергетска безбедност и регионално поврзување

Скопје, 7 мај 2025 година – Националниот оператор на системот за пренос на природен гас, „НОМАГАС“ и компанијта „Рапид Билд“ од Куманово денеска го потпишаa договорот за изградба на гасоводниот интерконектор со Грција во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Северна Македонија. Со ова официјално започнува реализацијата на еден од најзначајните енергетски […]
НОМАГАС потпиша Меморандум за разбирање со ДЕСФА за унапредување на регионалната енергетска соработка

Атина, 29 април 2025 – НОМАГАС АД Скопје и грчкиот оператор за пренос на природен гас, ДЕСФА, потпишаа Меморандум за разбирање со кој ја продлабочуваат соработката насочена кон зајакнување на регионалната енергетска поврзаност и сигурноста на снабдување со енергија. Целта на овој Меморандум е да се унапреди соработката меѓу Страните во области од заеднички интерес, […]
Реџепи: Регионот ја преживеа енергетската криза, пливаме во многу помирни и постабилни води

Енергетскиот сектор е во многу постабилна состојба, регионот ја преживеа енергетската криза и сега веќе пловиме во помирни води со стабилизирани цени, истакнува извршниот директор на „Номагас“ Бајрам Реџепи, по неговото учество на министерскиот состанок на Групата на високо ниво за енергетско поврзување на Централна и Југоисточна Европа (CESEC), што денеска и утре се одржува […]
Јавен оглас за именување на Службеник за усогласеност

ЈАВЕН ОГЛАС за именување на Службеник за усогласеност Превземете го огласот тука: Јавен оглас за службеник за усогласеност.pdf
Посета на ЕБРД во Лондон

Бајрам Реџепи, извршен директор на НОМАГАС АД Скопје, заедно со вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши, оствари средба во Лондон со генералната директорка на ЕБРД за одржлива инфраструктура, Нандита Паршад, еден од најголемите поддржувачи на инфраструктурни проекти во земјата. ЕБРД ќе продолжи да ги финансира нашите проекти за енергетска трансформација.