На ден 13.06.2019 година, во просториите на НЕР АД Скопје, се одржа работен состанок на кој присуствуваше висока делегација од Европска Инвестициона Банка (ЕИБ), Енергетска заедница, ДЕСФА, консултантска куќа Connecta, како и претставници од Министерство за економија на Република Северна Македонија и Регулаторна комисија за енергетика на Република Северна Македонија. На работниот состанок, се дефинираа детаљите за финансирањето на гасната интерконекција со Република Грција, како и взаемно информирање за текот на реализација на обврските на секоја од заинтересираните страни.