Денес, заедно со вицепремиерот фатмир Битиќи и други членови на кабинетот, преку видеоконференциски повик, разговаравме со нашите колеги од Грција околу моменталниот статус на проектот за интерконекција на природен гас и идни активности кои следат. Сето ова е во функција за забрзување на овој стратешки проект за нашата земја. Овој проект ќе овозможи диверсификација на нашите извори за снабдување со природен гас, односно енергетска стабилност и пристап до конкурентен и либерализиран пазар.