Бајрам Реџепи, извршен директор на НЕР АД Скопје, учествуваше на конференцијата Визија за енергетска транзиција 2040. Гасификацијата е еден од најприоритетните проекти на владата. “Наскоро во земјата ќе има вкупно 372 километри гасовод од преносната мрежа во државата.Во моментов има три делници кои се во градба. Делницата од Клечовце до Неготино во должина од 96 километри е 100 проценти завршена, делницата од Неготино до Битола од 92 километри е реализирана 94 проценти, а од Скопје до Тетово и Гостивар се реализирани 75 проценти. До крајот на годинава е планирано да се изградат 274 километри гасовод. Веќе е изработен проектот за продолжување на гасоводот од Гостивар до Кичево, а во фаза на изработка се деловите од Кичево до Охрид и од Охрид до Битола со што целосно ќе се затвори гасоводниот прстен и ќе се обезбеди стабилност на системот. Наскоро треба да се гради и интерконекторот со Грција што ќе обезбеди енергетска независност, а во план се изградба и на интерконектори со Косово и Србија со што преку земјава ќе се транзитира гас ќе придонесе за намалување на цената на гасот.”-изјави Реџепи.