“Денес се наоѓаме на единаесеттиот километар од делницата Сkопје- Тетово-Гостивар во должина од 86 километри, поголемиот дел од градежните работи се завршени, со 80% реализација на оваа делница. Очекувам дека оваа делница ќе биде завршена оваа година, усвоени се сите инфраструктурни проекти, кои беа неминовни за измена во тек на градба. Почната е експропријација на последната етапа, во скопскиот регион, каде што имавме промени и добрата вест е дека најтешките предели на оваа делница веќе се изградени. Остануваат 20 километри, до завршување на целиот проект. Тоа е полесниот дел, кој очекувам до крајот на годината да биде завршен, со поставување на двете главни мерни регулациони станици, едната во Гостивар со капацитет 16.000 метри кубни на час, другата во Тетово со 22.000 метри кубни на час, како и седумте блок станици како интегрален дел на оваа делница. Надминати се имотно-правните проблеми, кои минатата година беа откажани. Очекувам во текот на вториот квартал од оваа година, процесот да биде завршен и конечно ќе имаме добар терен за работа за да се заврши делницата. Конечно цел полошки региони западниот дел од Скопје да имаат пристап до гасоводниот преносен систем. Заедно со дистрибутивниот систем, ќе биде достапен за сите граѓани, претпријатија и големи корисници. Нашите планови се и делницата со Битола да биде завршена. Таму реализацијата е 95%, останува само делот кај Фени, да се заврши.Делницата ќе биде оперативна оваа година. Очекуваме постапката за изгрдба на интерконекторот со Грција да започне оваа година и конечно ќе имаме диверсификација на нашите извори за снабдување, како што имаме пристап до многу поефтин гас преку системот на ДЕСФА во Грција, како и другиот интерконектор со Косово. Оваа година се завршува физибилити стуидијата за оваа делница, а наредната ќе започне проектирање. Конечно ќе можеме нашиот преносен систем да го користиме за пренос на гас до северните соседи, исто како и другиот интерконектор во Србија кој оваа година треба да биде одобрен од страна на Energy Community, како проект од заеднички интерес и да аплицираме во WBIF за физибилити студија и за проектирање. Двата проекти ќе бидат поддржани од ЕБРД, така што нашиот систем за пренос ќе можеме да го користиме и за северните соседи” – изјави Бајрам Реџепи, извршен директор на НЕР АД Скопје