Под покровителство на Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев денеска во Баку се одржа конференцијата „Советодавниот совет на јужниот гасен коридор“.Заедно со министерот Крешник Бектеши имавме многу плодни дискусии и средби, со цел да ги диверзифицираме и стабилизираме нашите извори за снабдување со гас и обединување на регионалниот заеднички пазар. На билатерални средби се сретнавме со министрите за енергетика на Азербејџан, Турција, Бугарија, еврокомесарот за проширување и енергетика, г. Оливер Вархеји и Кадри Симсон и директори на Сокар, ТАП и ИГБ.