Бајрам Реџепи, извршен директор на НОМАГАС АД Скопје, заедно со вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши, оствари средба во Лондон со генералната директорка на ЕБРД за одржлива инфраструктура, Нандита Паршад, еден од најголемите поддржувачи на инфраструктурни проекти во земјата. ЕБРД ќе продолжи да ги финансира нашите проекти за енергетска трансформација.