Извршниот директор на НЕР АД Скопје, Бајрам Реџепи заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши присуствуваше на глобалниот форум P- TECC (Partnership for Transatlantic Energy and Climate Cooperation) во Варшава, Полска. На овој форум се дискутираше за предизвиците на енергетската транзиција кон чиста и еколошка енергија. На форумот присуствуваа највисоки претставници од областа на енергетиката, госпоѓа Кадри Симсон,комесар за енергетика на ЕУ, потоа американската министерка за енергетика, госпоѓа Џенифер Гранхолм, како и министри од целиот регион и Европа.