Објаснување за сопствениците на земјишта низ кои поминуваат гасоводните цевки
Почитувани сопственици на земјишта низ кои поминуваат гасоводните цевки,
Постапката за експропријација се спроведува на следен начин:
– Врз основа на завршниот проект одобрен во 2016 г, А.Д НЕР ги спрема елаборатите за експропријација согласно Законот за Експропријација,
– Согласно елаборатите за експропријација, бирото за вештачења врши проценки за вредноста на парцелите предмет на експропријација.
– Според проценките, Управата за имотно-правни работи закажува расправи со сопствениците и ја спроведува постапката за експропријација,
– Сите сопственици што се сложуваат со проценетата вредност, потпишуваат спогодба за експропријација.
– После потпишувањето на спогодбата, А.Д. НЕР ја врши уплатата на сопствениците
– Во случаите кога сопствениците не се согласуваат со вредноста на експропријацијата, постапката се продолжува во надлежните основни судови.
– Судовите се единствениот орган кој може да ја сменат вредноста на експропријацијата.
– МЕЃУТОА, СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЕКСПРОПИЈАЦИЈА, СУДСКАТА ПОСТАПКА НЕ ЈА ОДЛОЖУВА ЕКСПРОПРИЈАЦИЈАТА (ПОСТАПКАТА СЕ ВОДИ САМО ВО ОДНОС НА ВРЕДНОСТА НА СОПСТВЕНОСТА)
– Доколку судот се одлучи за поголема сума, А.Д НЕР ја врши исплатата врз основ на судската одлука.
– ИСПЛАТАТА СЕ ВРШИ САМО НА ЗАКОНСКИТЕ СОПСТВЕНИЦИ (ЗАВЕДЕНИ НА ИМОТЕН ЛИСТ)
– ДОКОЛКУ СОПСТВЕНИЦИТЕ (ДЕ ФАКТО), НЕ ЈА РЕШИЛЕ ОСТАВИНСКАТА ПОСТАПКА, ИСПЛАТАТА НЕ МОЖЕ ДА СЕ РЕАЛИЗИРА, И ВО ТОЈ СЛУЧАЈ СЕ НАЗНАЧУВА ВРЕМЕН ЗАСТАПНИК.
– За секоја парцела има два вида експропријации:
-Потполна експропријација, со ширина од 7 метри
– Непотполна експропријација со ширина од 18 метри.
– Во сите парцели гасоводните цевки се инсталираат во длабочина, и по завршување на проектот, сопствениците можат да ги користат парцелите за насадување на едногодишни култури (без длабоки корени),
– Целата линија по која поминува трасата е обележана со видливи знаци,
– Сите парцели се враќаат во првобитна состојба,
– На растојание од 5 м лево и десно од оската на гасоводната цевка не се дозволува садење на дрва со длабоки корени,
– На растојание од 30 м лево и десно од оската на гасоводната цевка не се дозволува изградба на објект, заради безбедносни причини.