Град Скопје денеска организира јавна дебата за изградбата на гасоводот на Водно на која градоначалникот Петре Шилегов покани претставници на надлежните државни органи, како и граѓански здруженија кои покажаа загриженост поради проектот.
– Очекувам на дебатата да го почнеме процесот на соочување факти и аргументи. Од средбата ќе има пренос „лајф стрим“ и верувам дека сите медиуми ќе му дадат значење. Мислам дека така главните поенти од таа дебата можат да бидат пренесени на сите национални, регионални и локални телевизии. Така видливоста би била поголема отколку да има дебата на некоја телевизија со национална концесија, најави пред дебатата Шилегов.
МИА директно ќе ја пренесува дебатата на својата веб страница www.mia.mk, на YouTube и на Facebook.