Системот за пренос на природен гас во Република Северна Македонија започнува со приклучно место на интерконективната точка Ќустендил – Жидилово на македонскиот со бугарскиот систем за пренос на природен гас и се наоѓа на источната граница во месноста Деве Баир и се протега во правец на Кривопаланечкиот, Кратовскиот, Кумановскиот и Скопскиот регион.
Мерниот систем во примо-предавателната станица се состои од 3 мерни линии (од кои 2 се работни, а една е резервна), и има компјутерски систем и опрема потребна за определување на количините и квалитетот на гасот. За мерење на количината на гас секоја мерна линија е опремена со два независни електронски мерни системи: мерење со ултразвук (комерцијално) и мерење со бленда (контролно). Капацитетот на мерните линии е 180.000 Nm3/h. Дизајниран капацитет на системот за пренос на природен гас е 800 милиони Nm3 годишно, со можност за зголемување до 1.200 милиони Nm3.
Магистралниот гасовод и разводните гасоводи се проектирани за работен притисок од 54 bar. Моменталниот работен притисок е 40 bar, а годишната пренесена количина на природен гас во последните 3 (три) години е просечно 350 милиони Nm3. При тоа, најголеми потрошувачи се когенеративната постројка за производство на електрична енергија и топлина – ТЕ-ТО АД Скопје и индустриските потрошувачи во градот Скопје.
Должините на магистралниот гасовод и разводните гасоводи, како и надворешниот дијаметар на цевките се прикажани во табелата подолу:
Ред. Бр. |
Гасовод |
Номинален пречник на гасоводната цевка (mm) |
Должина (m) |
---|---|---|---|
1. |
Магистрален гасовод |
DN 500 |
98.611 |
2. |
Разводен гасовод кон Крива Паланка |
DN 100 |
1.511 |
3. |
Разводен гасовод кон Гиновци |
DN 100 |
1.692 |
4. |
Разоводен гасовод кон Кратово |
DN 100 |
4.564 |
5. |
Разводен гасовод кон Куманово |
DN 200 |
7.678 |
6. |
Разводен гасовод кон ТИРЗ Бунарџик |
DN 200 |
5.361 |
7. |
Разводен гасовод кон ТАВ Македонија - Петровец |
DN 200 |
46 |
8. |
Разводен гасовод кон Скопје-Север |
DN 300 |
1.848 |
9. |
Разводен гасовод кон Скопје-Југ |
DN 400 |
8.303 |
На линискиот дел од системот за пренос изградени се 1 (една) отпремна чистачка станица и 1 (една) приемна чистачка станица.
Отпремната чистачка станица се наоѓа на 4,3 km на ПК 41+86.
Приемната чистачка станица се наоѓа на 97,94 km на ПК 922+06.
Објект |
Километар / Пикет (кm) / (ПК) |
---|---|
Отпремна чистачка станица |
4,3 km / ПК 41 + 86 |
Приемна чистачка станица |
97,94 km / ПК 922 + 06 |
Исто така, изградени се 16 (шеснаесет) блок станици на магистралниот гасовод, блок станици на разводните гасоводи, како и блок станици за интерконекција со гасоводните мрежи со соседните држави.
Реден број |
Блок станица |
---|---|
1. |
Блок станица Крива Паланка DN 500 |
2. |
Блок станица Гиновци DN 500 |
3. |
Блок станица Кратово DN 500 |
4. |
Блок станица Велес (Клечовце) DN 500 |
5. |
Блок станица Јужна Србија DN 300 |
6. |
Блок станица Куманово DN 500 |
7. |
Блок станица Романовце DN 150 |
8. |
Блок станица Скопје Југ (Брњарци) DN 500 |
9. |
Блок станица на разводен гасовод Крива Паланка DN 150 |
10. |
Блок станица на разводен гасовод Гиновци DN 150 |
11. |
Блок станица на разводен гасовод Кратово DN 150 |
12. |
Блок станица на разводен гасовод Куманово DN 200 |
13. |
Блок станица Бунарџик (Арачиново) DN 200 |
14. |
Блок станица Бунарџик DN 200 |
15. |
Блок станица на разводен гасовод Скопје Југ DN 400 |
16. |
Блок станица на разводен гасовод Скопје Север DN 300 |
Дополнително, на локациите на блок станиците на разводниот гасовод Скопје Југ и разводниот гасовод Скопје Север, а пред главните мерно-регулациони станици ГМРС Скопје Југ и ГМРС Скопје Север инсталирани се 2 (две) филтерски циклонски станици за заштита од нечистотиите, правот и кондендзатот од природниот гас кои би можеле да дојдат преку магистралниот гасовод.
Заштита на цевководот од корозија се врши со системот за катодна заштита преку протектори и катодни станици.
На високо-притисниот дел од системот за пренос има 7 (седум) главни мерно-регулациони станици (ГМРС) кои го намалуваат притисокот од магистралниот гасовод и на тој начин поврзувајќи го високо-притисниот дел со ниско притисните градски мрежи во градовите Крива Паланка, Кратово, Куманово и Скопје.
Ред. Бр. |
Објект |
Мерно-регулациона станица (Максимален капацитет) |
Влезна фланша |
Излезна фланша |
---|---|---|---|---|
1. |
ГМРС Крива Паланка |
Q=5.000 Nm3/h |
2" |
4" |
2. |
ГМРС Кратово |
Q=5.000 Nm3/h |
2" |
4" |
3. |
ГМРС Куманово |
Q=20.000 Nm3/h |
6” |
8” |
4. |
ГРМС Скопје Север |
Q=120.000 Nm3/h |
12” |
16” |
5. |
ГМРС Скопје Југ |
Q=120.000 Nm3/h |
12” |
16” |
6. |
ГМРС ТАВ |
Q=30.000 Nm3/h |
8” |
6” |
7. |
Дирекција за технички индустриски развојни зони |
Q=10.000 Nm3/h |
6” |
10” |
ГРАДСКИ ГАСОВОДНИ МРЕЖИ
Природниот гас преку главните мерно-регулациони станици (ГМРС) се редуцира и пренесува низ градските гасоводни мрежи до мерно-регулационите станици (МРС), кои претставуваат излезни места од системот, на кои се врши квалитативно и количинско предавање на природниот гас до потрошувачите, т.е. корисниците на системот.
Градска гасоводна мрежа Крива Паланка
Во табелата е даден преглед на должините на делниците од ГГМ Крива Паланка според номиналниот пречник на гасоводните цевки:
Номинален пречник на гасоводната цевка (mm) |
Должина (m) |
---|---|
DN 100 |
1.089 |
Вкупната должина на ГГМ Крива Паланка изнесува 1,089 km.
На ГГМ Крива Паланка има приклучено 1 (еден) активен корисник на мрежата.
Градска гасоводна мрежа Кратово
Во табелата е даден преглед на должините на делниците од ГГМ Кратово според номиналниот пречник на гасоводните цевки:
Номинален пречник на гасоводната цевка (mm) |
Должина (m) |
---|---|
DN 150 |
5.333 |
DN 200 |
24 |
DN 100 |
569 |
Вкупната должина на ГГМ Кратово изнесува 5,926 km.
На ГГМ Кратово во моментот нема приклучени корисници на мрежата.
Градска гасоводна мрежа Куманово
Во табелата е даден преглед на должините на делниците од ГГМ Куманово според номиналниот пречник на гасоводните цевки:
Номинален пречник на гасоводната цевка (mm) |
Должина (m) |
---|---|
DN 200 |
939,00 |
DN 150 |
1.055,67 |
DN 150 |
3.635,19 |
DN 100 |
1.502,61 |
DN 100 |
19,46 |
DN 80 |
65,00 |
DN 50 |
188,18 |
DN 25 |
22,24 |
Вкупната должина на ГГМ Куманово изнесува 7,427 km.
На ГГМ Куманово има приклучено 4 (четири) активни корисници на мрежата.
Градска гасоводна мрежа Скопје
Во табелата е даден преглед на должините на делниците од ГГМ Скопје според номиналниот пречник на гасоводните цевки:
Номинален пречник на гасоводната цевка (mm) |
Должина (m) |
---|---|
DN 500 |
5.612,5 |
DN 500 |
2.263,54 |
DN 400 |
11.757 |
DN 400 |
10.715,39 |
DN 300 |
1.456,67 |
DN 300 |
17,63 |
DN 250 |
149,98 |
DN 200 |
6.120,08 |
DN 150 |
15.094,59 |
DN 150 |
1.381,24 |
DN 100 |
46,7 |
DN 100 |
4.501,27 |
DN 100 |
1.365,74 |
DN 80 |
3.412,21 |
DN 50 |
1.571,19 |
DN 25 |
43,83 |
65.510 |
Вкупната должина на ГГМ Скопје изнесува 65,510 km.
На ГГМ Скопје има приклучено најголем број на корисници на мрежата.
Најголем дел од мерно-регулационите станици се приклучени на телеметрискиот систем за далечинско отчитување, односно собирање на податоци од мерните уреди инсталирани во станиците, со што обезбедуваме стабилен и брз пренос на податоците до Диспечерскиот центар на НОМАГАС АД Скопје, како и нивна брза обработка во потребни извештаи, наплати и статистички анализи.
Вкупната должина на магистралниот гасовод и разводните гасоводи изнесува 129,614 km.
Должината на Градските гасоводни мрежи во Крива Паланка, Кратово, Куманово и Скопје изнесува 79,952 km.
Вкупната должина на досега изградената мрежа на Системот за пренос на природен гас на НОМАГАС АД Скопје изнесува 209,566 km.
Должина (km) |
|
---|---|
Магистрален гасовод и разводни гасоводи Вкупно |
129,614 |
ГГМ Вкупно |
79,952 |
Гасовод Вкупно |
209,566 |
Пренесени количини на природен гас по години
Година | Пренесени количини (Nm3) |
---|---|
2006 | 82.787.893 |
2007 | 105.398.201 |
2008 | 119.607.640 |
2009 | 117.393.625 |
2010 | 117.393.625 |
2011 | 135.835.969 |
2012 | 136.587.341 |
2013 | 158.585.180 |
2014 | 134.663.666 |
2015 | 135.946.902 |
2016 | 213.439.518 |
2017 | 275.072.659 |
2018 | 253.628.080 |
2019 | 295.206.982 |
2020 | 337.880.997 |
2021 | 426.175.676 |
2022 | 280.085.963 |
Тарифи
Просечната тарифа на НОМАГАС АД Скопје изнесува 0,1216 ден/kWh.
Приклучување
Приклучување на системот за пренос на природен гас е постапка на изградба на приклучна инсталација со која потенцијалниот корисник се поврзува со системот. По доставеното барање и дефинирање на техничките услови, одпочнува постапката за приклучување на системот согласно Мрежните правила и постоечката законска регулатива. Во предвидениот рок се добива одобрение за приклучување.
Договор за интерконекција