Интерконективен вод за пренос на природен гас меѓу Република Северна Македонија и Република Грција

Изградба на интерконективниот вод со Република Грција во должина од 67км, од Неготино до границата со Република Грција. Проектот е финансиран од ЕИБ- инвестициски грант од програмата WBIF и EBOR. Интерконекторот за природен гас меѓу Македонија и Грција предвидено е да биде во вкупна  должина од 123 километри (македонска и грчка страна) и да се протега од Неа Месимвриа кон Неготино преку Гевгелија и да ги поврзува двата национални системи за пренос на природен гас.

Почетниот капацитет ќе биде 1,5 милијарди кубни метри годишно, со можност за проширување до три милијарди кубни метри годишно, а се спроведени и студии со цел гасоводот да има соодветни спецификации за транспорт на водород.

ЕБОР – ПРОЕКТ ЗА РЕГИОНАЛНА ГАСИФИКАЦИЈА – ОБЈАВУВАЊЕ ОВЖССА (zip документи)