Денес, заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими, ја пречекавме потпретседателката на Европската Инвестициска Банка, госпоѓа Лилјана Павлова, како многу важен партнер во проектите за гасификација. И се заблагодарив за досегашната поддршка и разговаравме за забрзување на реализацијата за интерконекција на природен гас со Грција, како проект од високо стратешко значење за нас.